еМагазин
Image default
ЖИВОТ

ЕВН воведува мерки за заштита од ширењето на корона вирусот

Во интерес на јавното здравје и по препораките од Комисијата за заразни болести и Министерство за здравство, ЕВН презеде низа мерки за заштита на здравјето на вработените и корисниците. Во целост ќе се почитуваат мерките и препораките од последната владина седница, а се однесуваат на справување со заканата од корона вирусот.

„Со цел намалување на заканата за ширење на вирусот, апелираме фрекфенцијата на корисници во приемните канцеларии во Корисничките енерго центри и во Инфо центарот во ГТЦ да се намали на минимум и да се користи и почитува електронскиот систем за ред на чекање.

Ве молиме посетите на приемните канцеларии да се прават само за неодложни барања и услуги. Следните 14 дена додека важат мерките за заштита нема да работи приемната канцеларија на ЕВН во Дебар,“ велат од ЕВН.

За сите останати информации и услуги корисниците може да:

– ја посетат нашата веб страна www.evn.mk

-пратат допис на [email protected]

-ги користат онлајн услугите на evnonline.mk.

На корисничкиот портал www.evnonline.mk:

Без да се регистрираат може:

-да се пријават за електронска фактура

– брзо да платат фактури.

Со регистрација на профилот достапни се услугите:

– проверка и плаќање на долгови

– преземање на копии од фактури од последните 12 месеци

-увид во историја на сите плаќања реализирани преку корисничкиот профил

-барање за потврда за успешно плаќање.

Корисниците ги повикуваме да ги применуваат и препораките од Светската здавствена организација и Министерството за здравство, поради тоа што општото здравје е резултат и на нашата лична односно индивидуална одговорност, велат од компанијата.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Кај пет лица во Струмица потврден вирус на „свински грип“

Редакција

Повредените во сообраќајката кај Ласкарци нема да плаќаат партиципација за здравствено осигурување

Редакција

Д-р Даниловски: Новите мерки немаат никаква смисла

Редакција