еМагазин
Локално

ЕВН: Жителите на селата кои останаа без струја веќе имаат стабилно напојување

Жителите на Раштак и Љуботен денеска реагираа поради немањето на струја во домаќинствата, поради што се огласи и ЕВН.

„Поради невремето кое вчера го зафати регионот на Скопје, без напојување останаа дел од селата Љуботен, Љубанци и Раштак, објаснуваат од ЕВН Македонија .

По констатирање на дефектот екипите на ЕВН Електродистрибуција веднаш излегоа на терен за санација на истиот меѓутоа наидоа на потешкотии поради детектирање на тешки манипулации направени последниот месец во мрежата, поконкретно нелегално и самоволно префрлување на кабли од среден и низок напон од страна на одредени корисници.

Жителите на гореспоменатите села веќе имаат стабилно снабдување со електрична енергија, а екипите на ЕВН Електродистрибуција и понатаму продолжуваат со работа на терен поради големата претрпена штета која е последица на вакви нелегални манипулации.

ЕВН Македонија веќе презема правни мерки против корисниците кои вршеле нелегални активности во мрежата на овој регион“, се наведува во реакцијата на ЕВН.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Жител на Свети Николе са „самоизолирал“ во кафана наместо во домот

Редакција

Притворени три лица за трговија со кокаин

Редакција

Несекојдневен случај: Му го запалил тревникот во дворот

Редакција