еМагазин
Image default
ЖИВОТ

Европска недела на тестирање: Денес со ХИВ се живее долго и квалитетно, доколку навремено се открие

Од 23 до 30 ноември, под мотото „Тестирај. Лекувај. Превенирај“, се одржува Европската недела на тестирање за ХИВ, кон која по петти пат се приклучува и здружението ХЕРА – Асоцијација за здравствена едукација и истражување.

ХЕРА е само една од над 600 организации од 53 европски држави кои учествуваат во активностите на Европската недела на ХИВ тестирање со цел да ја подигнат свеста за придобивките од тестирањето за ХИВ. На тој начин, информациите за превенција на ХИВ стануваат подостапни, повеќе луѓе можат да го дознаат својот ХИВ-статус и да добијат пристап до терапија, грижа и поддршка.

Денес, се претпоставува дека секое четврто лице во Европа кое има ХИВ, не го знае својот ХИВ-позитивен статус. Половина, пак, од луѓето што живеат со ХИВ се дијагностицирани доцна, со што се доцни со пристапот до терапија, грижа и поддршка.

Терапијата за ХИВ која е денес достапна, им овозможува луѓето со ХИВ да живеат квалитетно и долго доколку се дијагностицирани навремено. Луѓето што живеат со ХИВ имаат речиси изедначен животен век со лицата кои немаат ХИВ, доколку добиле навремен третман.

Редовното земање на терапијата за ХИВ е и еден од најефективните начини на превенција на вирусот бидејќи луѓето кои редовно примаат терапија, имаат недетектибилно ниво на вирусот, со што целосно се спречува преносот за ХИВ по сексуален начин, дури и доколку не се користи заштита, односно кондом. Затоа е толку важно навременото тестирање.

Во рамки на годинешната Европска недела на тестирање за ХИВ, во Младинскиот центар на ХЕРА „Сакам да знам” на Водно ќе биде достапно бесплатно и доверливо тестирање и советување за ХИВ со брзи тестови, секој ден од 23 до 30 ноември од 17.00 до 21.00 часот. Ги охрабруваме граѓаните да го посетат центарот и да направат ХИВ тест. За подетални информации, можат да се јават на телефонскиот број 02/3176 950.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Продолжува топлото време, денеска сончево со температури до 22 степени

Редакција

(Вознемирувачко фото) Претажно: Во скопско Соње обесенa верверичкa, бидејќи ги јадела оревите

Редакција

Денеска променливо облачно време, со умерен северен ветер

Редакција