еМагазин
Image default
Свет ТОП СТОРИИ

Европската агенција за лекови го препорача „ремдесивир“ за третман на корона вирусот

Европската агенција за лекови (ЕМА) условно го одобри користењето на антивирусниот лек „ремдесивир“ од калифорнискиот фармацевтски производител „Гилеад“ за пациенти заразени со Ковид-19, што е првиот лек што добил препорака.

Европскиот регулатор вчера објави дека нејзиниот одбор препорача употреба на лекот „ремдесивир“ кај возрасни лица и деца на возраст од 12 години, дијагностицирани со пневмонија за чие лекување е потребен внес на кислород.

Цената на лекот во Европа сè уште не е позната. Во САД „ремдесивир“ би можел да чини и до 5.080 долари за третман, а генерички лек од индиски производител може да се продава од 66,13 до 79,35 долари.

Условното зелено светло на ЕМА значи дека лекарите можат да препишат „ремдесивир“, кој во Европа ќе се вика „веклури“ кога ќе биде одобрен од Европската комисија.

Условното одобрение за продажба во Европската унија дозволува терапијата да се продава кога се достапни сите податоци за дејството на лекот и неговите несакани ефекти. „Гилеад“ мора да ги достави конечните податоци до декември.

Како што пренесуваат странските агенции, побарувачката за лекот се зголеми, бидејќи се покажа како ветувачки лек во клиничките испитувања.

Студијата спроведена од ЕМА покажа дека пациентите со Ковид-19 се опоравуваат во просек четири дена побрзо од другите пациенти.

Првично развиен како лек против хеморагична треска од ебола, „ремдесивир“ од лабораторијата на американскиот производител „Гилеад“ е првата терапија која покажа одредена ефикасност кај хоспитализирани пациенти со Ковид-19.

„Гилеад“ очекува да произведе повеќе од два милиона дози до крајот на годината, двојно повеќе од првичната цел. Исто така, планира да започне поедноставни форми за примена, како инхалатор во споредба со интравенската.

„Ремдесивир“ веќе е одобрен за итна употреба кај неколку тешко болни пациенти во САД, Индија и Јужна Кореја, а конечно одобрение дадоа и јапонските власти.

МИА

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Мајмуни кои беа вакцинирани со вакцина за Ковид-19 на универзитетот Оксфорд развиле антитела за 14 дена

Бил Гејтс: Теориите на заговор за вакцината за корона вирусот се бизарни

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

100 припадници на македонската Армија денеска заминаа да помогнат во санирање на последиците од невремето во Словенија

Редакција

Виза и Мастеркард ги блокираа картичките на санкциониарните руски банки

Редакција

Презентирани писмените докази на Обвинителството на судењето за пожарот во тетовската модуларната болница

Редакција