еМагазин
Image default
Балкан ТОП СТОРИИ

Европската комисија ќе ѝ даде милијарда евра помош на Турција по земјотресите

Европската комисија (ЕК) ќе и даде милијарда евра помош на Турција, која беше погодена од земјотреси, изјави денеска претседателката на ЕК, Урсула фон дер Лајен на почетокот на меѓународната донаторска конференција.

Таа говореше за земјотресот, кој однесе 50.000 животи во Турција и Сирија, како најголема природна катастрофа што го погоди регионот во последните години.

„Милиони сега се бездомници и живеат во шатори во текот на зимата. Мора да се мобилизираме за обнова. Куќите, училиштата и болниците мора повторно да се изградат со највисоки стандарди за безбедност од земјотреси.

Водата, канализацијата и другата клучна инфраструктура мора да се поправат. На јавните служби и претпријатијата им треба капитал за повторно да работат, за луѓето да можат да заработат за живот“, рече Фон дер Лајен.

Таа истакна дека Комисијата ќе обезбеди дополнителни 108 милиони евра за хуманитарна помош и за обновување на Сирија. Европската унија не одржува дипломатски врски со претседателот на таа земја, Башар ал Асад, од војната што започна во 2011 година.

Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП) проценува дека „вкупниот финансиски товар од земјотресот“ за Турција е околу 103,6 милијарди долари, што е девет отсто од проектираниот БДП на земјата за 2023 година.

Министерот за надворешни и европски работи, Гордан Грлиќ Радман, претходно изјави дека Хрватска на конференцијата ќе најави нова помош за двете земји, која ќе изнесува вкупно пет милиони евра за Турција и 400.000 евра за Сирија.

МИА/Фото: Unsplash

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ како една партија во однос на даночните политики

Редакција

Скопје останува без јавен превоз

Редакција

Арбен Јашари нов заменик директор на Бирото за јавна безбедност

Редакција