еМагазин
Image default
Свет

Европската народна партија се дистанцира од Виктор Орбан, неговата Фидес под суспензија

Европската народна партија (ЕПП) со 190 гласа „за“  вчера изгласа суспензија на Фидес, партијата на унгарскиот премиер Виктор Орбан.

„Практично суспензијата значи дека партијата не може да присуствува на состаноците на групацијата, нема право на гласање, ниту да предлага кандидати за одредени функции“, рече лидерот на ЕПП Мафред Вебер.

Ваквата одлука на ЕПП е донесена поради авторитарниот стил на владеење и антиевропските и антимигрантски политики.

Истовремено Орбан најави дека неговата партија доброволно ќе ја напушти ЕПП во ваков случај.

Унгарскиот премиер подолг период е во конфликт со европските лидери кои ги прикажува како сојузници на милијардерот Џорџ Сорос.

Фото: ВМРО-ДПМНЕ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

До средината на 2022 година може да се очекува крај на пандемијата, вели шефот на Бионтек

Редакција

Беживотни тела на носила, а до нив пациенти со Ковид-19 се борат за живот: Вознемирувачки снимки од болниците во Русија

Редакција

Шведска e далеку од колективен имунитет на корона вирусот

Редакција