еМагазин
Image default
Свет ТОП СТОРИИ

Европски политичари сакаат да го номинират Зеленски за Нобелова награда за мир

Голем број европски политичари предложија претседателот на Украина, Володимир Зеленски да биде номиниран и да ја добие Нобеловата награда за мир за 2022 година, се наведува во нивното писмо објавено на специјалната веб-страница nobelprizeforukraine.

Актуелни и поранешни политичари, европратеници, го повикаа норвешкиот Нобелов комитет да ја преиспита процедурата за номинирање за Нобеловата награда за мир за 2022 година и да го продолжи рокот за пријавување за да има време на листата да се додаде и Зеленски.

Прес-службата на Норвешкиот Нобелов комитет објави дека оваа година за Нобеловата награда за мир се номинирани 251 поединец и 92 организации.

Рускиот новинар и главен уредник на „Новаја газета“, Дмитриј Муратов и филипинската новинарка Марија Реса ја добија Нобеловата награда за мир за 2021 година.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Видео) Комедијата „Слуга на народот“ во која Зеленски глуми претседател ќе се емитува на Канал 5

(Видео) Како Украинците му одаваат почит на загинат војник, снимка која го обиколи светот

МИА/Фото: Зеленски/Фејсбук

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Русковска ќе ја обжали одлуката за нејзината суспензија до Советот на јавни обвинители

Редакција

И ветеринарите ќе се вакцинираат во Србија

Редакција

Продаден блок акции од „Макпетрол“ за 354.000 евра

Редакција