еМагазин
Image default
ЖИВОТ ТОП СТОРИИ

Фамилиите ќе останат сплотени, а срцето е нашето единство, рече синот на пациентот кому му беше трансплантирано срце

Васил Огненовски, синот на Иван Огненовски кому ноќеска му беше трансплантирано срце изрази големо сочуство до семејството на Емилија Динева, жената од која неговиот татко го доби срцето.

„Пред се едно големо сочуство и големо благодарам до фамилијата што со донирањето спасија три животи, од кој еден е животот на татко ми,“ рече Огњановски.

Како што посочи, се се случило многу бргу. Им било јавено пред два дена дека е најдено срце и дека ќе биде извршена првата ваква трансплантација кај нас.

„Операцијата се направи. Полека го будат. Очекувањата се големи. Еднаш докторите го спасија, го вратија меѓу живите, сега тоа го прават уште еднаш и едно многу големо благодарам за нив. Во државата имаме многу добри доктори што ќе спасат милиони животи,“ рече Васил.

Тој би сакал да се сретне со семејството на донаторката, но пред се, како што кажа, би сакал прво да стивне нивната болка, па потоа да се запознаат, и тој и неговиот татко да биде во состојба да се запознае со нив.

„Да изразиме сочувство и да им кажеме дека нејзиното срце се уште чука. Фамилиите ќе останат сплотени, а срцето е нашето единство,“ рече тој.

МИА/Фото: МЗ

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Фото) Емилија Динева е жената која почина во сообраќајка, а семејството ги донираше нејзиното срце и бубрези

Првата трансплантација на срце во Македонија успешна, огромен успех за македонското здравство

Филипче: Да се донесе одлука да се даруваат органи во моментот кога го губите саканиот, е незамисливо тешко

Од донорот на срцето, ќе се трансплантираат и два бубрега на Клиниката за урологија

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Утре поројни дожови, потоа убаво време до сабота

Редакција

Втор круг од претседателските избори во Црна Гора, граѓаните избираат помеѓу Ѓукановиќ и Милатовиќ

Редакција

Убава вест: 10 оздравени од Ковид-19

Редакција