еМагазин
Македонија ТОП СТОРИИ

„Фарми на тролови“ од Македонија и Филипините ширеле дезинформации за Ковид-19 на Фејсбук

„Фарми“ за креирање дезинформации за новиот корона вирус од Македонија и од Филипините работеле за Натурал њуз (Natural News), еден од најголемите споделувачи на теории на заговор и дезинформации за Ковид-19 на Фејсбук. Поради тоа, домејнот на Natural News и неговите сестрински сајтови се отстранети од социјалната мрежа, објави американски „СиЕнБиСи“.

Како што објави американсата телевизија, станува збор за „еден од најупорните споделувачи на виралното видео за т.н. ‘Пландемија’, кое лажно тврди дека корона вирусот е дел од намерна владина завера со цел да се контролира популацијата преку вакцини, и погрешно посочува дека носењето маска го зголемувало ризикот од зараза со корона вирусот“.

Фејсбук, во изјавата за „СиЕнБиСи“ објасниле дека откриле оти „странски ‘тролови’ постојатно реобјавуваат содржини од Натурал њуз, антиваксерски портал кој често постира лажни теории на заговор за корона вирусот, 5Г технологијата и Бил Гејтс.

Овие ‘тролови’ исто така често реобјавувале содржини и од сестринските сајтови на Натурал њуз: Њуз таргет (NewsTarget) i Брајтион (Brighteon) во обид вештачки да го зголемат својот досег.

Фејсбук објавил дека повеќе страници од социјалната мрежа поврзани со Натурал њуз се отстранети „поради ‘спамерско’ однесување и злоупотреба, не поради содржината која ја објавуваа. Тие ги манипулираа луѓето за популарноста на нивните објави и се потпираа на ‘фарми’ за содржини во Македонија и на Филипините“.

Оттаму додале дека ваквите мерки ги преземале како дел од рутинските напори против ‘спамерски’ мрежи.

Инаку, официјалната Фејсбук страница на Натурал њуз била банирана од Фејсбук минатата година, но веб-сајтот го заобиколил банот постирајќи содржини во брендирани групи со имиња како „Amazing cures“ (Неверојатни лекови) и „GMO Dangers“ (Опасности од ГМО), кои имале стотици илјади следбеници.

Откако Фејсбук открил за манипулацијата, компанијата на 19 мај ја исклучила можноста да се постираат линкови до Натурал њуз и до сестринските сајтови.

Мета

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Неодговорните граѓани и тие што не веруваат дека постои корона вирусот на крај ќе не остават и без леб

„Сега Ново Лисиче ќе бара да се отцепи од Аеродром„: Твитер реакции за растот на бројот на заразени со корона вирусот

Чаир има повеќе активни заразени со корона вирусот отколку што Дебар имаше вкупно

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Доктор Даниловски: Зошто баш ние шампиони во смрт од Ковид-19 да бидеме?

Редакција

Три нови случаи на заразени со коронавирусот во Велес, вкупно 58

Редакција

Европска политичка заедница за тие што не се спремни за прием во ЕУ, предлага Макрон

Редакција