еМагазин
Image default
МОЈ СТАВ ТОП СТОРИИ

Фарса не векот: Ќе ни остане ли за спомен од Груевски потерницата на МВР?

Македонската јавност се уште не може да поверува како надлежните органи пред се обвинителството, судот и МВР дозволија екс-премиерот Никола Груевски пред очи да им побегне во Унгарија за да ја избегне затворската казна за случајот „Тенк“ во кој беше осуден за набавката на лусксузниот мерцедес.

Како е возможно човек кој имал обезбедување од државата, без пасош и чиј лик го знае секој граѓанин во земјава вклучително и полициските и граничните служби да дозволат тој да пребега?

Кој треба да понесе одговорност за неговото бегство? Дали бегството било договорено? Зошто при првите знаци на бегство надлежните издадоа национална, а не меѓународна потерница? …се само дел од прашањата што се поставуваат на социјалните мрежи.

Симтоматично е што сега, по бегството, обвинителството, судот и МВР си ја префрлаат топката за одговорност небаре станува збор за органи кои досега воопшто не соработувале. Наместо координирана работа за овој случај да добие разрешница односно Груевски да почне да ја издржува казната затвор тие сега креваат раменици.

Со ваков начин на работа тие не ги заслужуваат довербата на народот, ниту пак функциите кои ги извршуваат. Затоа, наместо да креваат раменици, надлежните за овој случај треба да си сносат одговорност, бидејќи македонскиот народ не пие нафта и многу добро знае да процени кога со заткулисни политички игри и договори се избегнува правдата.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Ќе паднат ли оставки за бегството на Груевски?

Судбината на Груевски во рацете на „лошото момче“ Виктор Орбан

Јанакиески за ТВ21: Нема да бегам, најостро го осудувам бегството на Груевски

Пешевски за ТВ21: Разочаран и вознемирен сум од бегството на Груевски

Јанакиески за ТВ21: Нема да бегам, најостро го осудувам бегството на Груевски

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Петков: Премиерот не носи сам одлуки, ако има договор со Скопје прво МНР ќе ја извести Владата

Редакција

Најмладата малолетничка во Македонија која абортирала има само 13 години

Редакција

41 нов случај на Ковид-19 од 1.024 тестови, 10 се реинфекции

Редакција