еМагазин
Image default
Македонија

Ќе му се суди во отсуство: Фатиме Фетаи побара притвор за Груевски

Судот на почетокот на денешното рочиште за случајот “Насилство во Центар” на Специјалното јавно обвинителство (СЈО) донесе одлука на обвинетиот Никола Груевски, кој избега во Унгарија, да му се суди во отсуство.

Судијата Душан Јосифов, кажа дека обвинетиот Никола Груевски не е присутен, за кого добиле известување дека не е достапен на полицијата.

Обвинителката Фатиме Фетаи, рече дека постојат важни причини да му се суди во отсуство на обвинението Никола Груевски.

– Се работи за обвинителен предлог поднесен пред две години за дејствија пред повеќе години, како и предмет со повеќе сведоци. Исто така, воопшто не е извесно кога Груевски ќе биде достапен да му се суди во присуство. Предлагам да му се суди во отсуство, рече Фетаи.

Дополнително Фетаи побара на Груевски да му биде одредена и мерка притвор на Груевски и за оваа постапка.

Адвокатот Димитар Дангов, предлогот го отфрли како неоснован.

– Нашето МВР во контакт со МВР на Унгарија може да го направи обидот за негов повик, со цел да биде достапен за оваа постапка. Неспорно е дека Груевски е во Унгарија каде бара политички азил. Одбраната смета дека Груевски е достапен на органите на прогон, односно позната е неговата адреса на престој и во поширока смисла на збор, тој е достапен и поради распишаната меѓународна потерница.

Груевски одлучил да побара политички азил и од тука не постои бегство и одлука да се крие од Македонија, туку користење на право за барање на азил. Оттука не се исполнети условите за судење во отсуство и бараме само раздвојување на постапката, изјави Дангов.

Судот по барањето за притвор на Груевски, со оглед дека е пратеник, кажа дека ќе одлучи по добивање на мислење за тоа.

Во судница се присутни останатите обвинети, меѓу кои и екс министерот за транспорт и врски Миле Јанакиески, кој со полициско обезбедување беше донесен од притвор.

Груевски и Јанакиески, заедно со повеќе лица се обвинети за насилствата во општина Центар во 2013 година.

Денешното ричиште продолжи со сослушување на сведок, кој во 2013 година бил вработен како обезбедување во општина Центар.

МИА/Фото: Фејсбук/Груевски

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Зошто Заев спомнува киднапирање на Груевски

Заев прашува дали Груевски доброволно ја напуштил Македонија или е киднапиран

Кој му помогнал на Груевски да влезе нелегално во Албанија?

На крај Груевски на Фејсбук ќе ни раскаже како избегал

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Мицкоски: Ако бугарските барања влезат во преговарачката рамка тоа ќе биде капитулација за Македонија, ВМРО-ДПМНЕ ќе гласа против

Редакција

Судот до Џафери: За прв пат Собранието не донесе одлука за одземање имунитет

Редакција

Мицкоски: Прво техничка Влада, технички премиер, па избори

Редакција