еМагазин
Image default
Македонија

Фатиме Фетаи: СЈО не е безгрешна, ќе се врати на пиедесталот на воспоставување на правото

Воспоставувањето на правната држава беше концепт кој постоеше при основањето на Специјалното јавно обвинителство (СЈО), а постои и денес, изјави специјалната обвинителка Фатиме Фетаи во отвореното Студио 1 на 1ТВ.

Како што рече, линијата на перцепцијата на јавноста била со високи амплитуди, од не баш изразено верување дека можат да ја завршат задачата на почетокот, до глорифицирање на трите обвинителки кога се спротивставија на помилувањата на поранешниот претседател Ѓорге Иванов и сега разочарувачко правничко чаршиско муабетење дека ништо од ова нема да биде.

Сепак, таа верува дека СЈО или како и да се вика во иднина, пак ќе се врати на пиедесталот на воспоставување на правото.

“Нереално ќе беше да не се очекува ништо од оваа институција ако се има предвид кој се застана зад нејзиното формирање, при тоа не мислам на домашните политички фактори. Но нереално е да се очекува дека само СЈО или трите обвинителки сами ќе ја донесат правдата во државава и сами ќе ги казнат оние што се огрешиле пред законот.

Институциите во РСМ од кои треба да добиваме информации и кај кои се обраќаме и од кои се очекува да бидат верификувани дејствијата кои СЈО ги цени како криминогени, се уште не се на тој степен да може да се каже дека граѓаните можат да имаат целосна доверба во системот“, рече Фетаи.

Како што вели таа, првите две години се бореле да создадат нормални услови за да ја почнат вистинската борба. Сепак, признава дека СЈО како институција не е безгрешна и од денешен аспект би направиле некои работи подобро, но главната задача дадена од граѓаните се уште успешно ја завршуваат.

Фото: 1ТВ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Галерија) Нашите војници покажаа дека се професионално обучени согласно највисоките НАТО стандарди, вели Пендаровски

Редакција

Бранителот Дуковски: Не постојат докази дека Чавков сторил кривично дело

Редакција

Фотографии од демолираниот македонски клуб во Благоевград, ОМО Илинден Пирин бара истрага од бугарските власти

Редакција