еМагазин
Image default
Македонија

Ферид Мухиќ и Курто Дудуш ќе сведочат за насилството во Собранието

Со сослушување на сведоците Ферид Мухиќ, Курто Дудуш, Сашко Коцевски и новинарката Душица Мрѓа, денеска продолжува судското рочиште за настаните од 27 април во македонското Собрание.

На последното рочиште што се одржа на 13 овој месец сведочеа пратениците Хари Локвенец и Катерина Кузмановска од СДСМ. Локвенец сведочеше дека била очигледна намерата на толпата да се насочи кон групата пратенци меѓу кои се биле Зоран Заев, Талат Џафери и Зијадин Села.

Обвинетите во случајот за настаните од 27 април се товарат за терористичко загрозување на уставниот поредок. Тие пред судот се изјаснија дека го разбираат обвинението, но оти не се чувствуваат виновни.

На обвинителната клупа се Љубен Арнаудов, Сашо Василевски, Крсто Мукоски, Љупчо Димовски, Јохан Тарчуловски, Митко Чавков, Митко Пешовски, Душко Лазаров, Горан Јошевски-Леви, Оливер Поповски, Оливер Радулов, Сашко Марковски, Мунир Пепиќ, Абдуљфета Алими, Елена Доцевска-Божиновска, Иван Цветановски, Борис Дамовски, Богдан Илиевски-Бетмен, Владо Јовановски, Игор Дурловски, Стефан Младеновски, Михаил Младеновски, Захарие Симовски, Младен Додевски, Јане Ченто, Горанче Ангеловски, Игор Југ, Илија Славески, Влатко Трајков, Вилијам Михајловски, Никола Митревски-Кољо, Александар Василевски-Нинџа и Митре Питроповски.

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Штипските советници од СДСМ не ги потпишуваат свечените изјави додека не се корегираат со уставното име на државата

Редакција

Синот на Муса Џафери не му се извинил на Бислимоски, велат од РКЕ

Редакција

Уставните измени не загрозуваат ни едно македонско идентитетско прашање, предлогот е наш со поддршка од ЕУ и САД, кажа Ковачевски во Собрание

Редакција