еМагазин
Image default
Бизнис

„Фершпед“ оствари добивка од 111,4 милиони денари за девет месеци

Групата „Фершпед“ АД Скопје во периодот јануари-септември 2019 година прикажува добивка од редовно работење, соопшти компанијата во образложението на консолидираниот биланс на успех објавен преку Македонската берза.

Нето добивката пред оданочување во анализираниот период изнесува 111.441.000 денари.

„Вкупните консолидирани приходи во Група „Фершпед“ АД Скопје за период јануари – септември 2019 година изнесуваат 3.015.434.000 денари и во споредба со остварените вкупни консолидирани приходи за истиот период 2018 година се зголемени за 2%.

Вкупните консолидирани расходи за период јануари – септември  2019 година во износ од 2.889.158.000 денари бележат раст за 2% во однос на вкупните консолидирани расходи за истиот период  2018 година“, информираат од компанијата.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Комерцијална ги објави примањата на членови на НО, Димитрова, Фити и Максимовска-Стојкова

Редакција

Анкета на Народната банка: Довербата во домашниот финансиски систем е висока

Редакција

АЕК објави тендер за одобренија за 5Г мобилна мрежа

Редакција