еМагазин
Image default
МОЈ СТАВ ТОП СТОРИИ

Феудализам во Македонија: Работат, а живеат во сиромаштија

Државниот завод за статистика врз основа на податоците од Анкетата за приходи и услови за живеење која се спроведува во согласност со препораките на Европската унија, ги пресмета индикаторите за сиромаштија за 2017 година.

Според податоците, во 2017 година, стапката на сиромашни лица во Република Македонија изнесуваше 22.2 % или 460.300 граѓани од вкупното население живее во сиромаштија.

Индикативно е што 9 отсто од вкупниот број на сиромашни се лица кои се вработени, што значи дека нивните примања не се доволни да го поминат прагот на сиромаштија што е запрепастувачки ако се земе предвид дека живееме во 21 век, а не во време на робовладетелство или феудално општество.

Загрижувачки е што процентот на лица кои работат, а живеат во сиромаштија се зголемил од 8,9 отсто во 2015 година на 9 отсто во минатата година.

Инаку, податоците на ДЗС откриваат континуиран пораст на бројот на сиромашни. Имено, во 2015 година оваа бројка изнесувала 445.200 лица, а во 2016 година 453.200 лица.

Анализирано по типови на домаќинства, стапката на сиромаштија на домаќинствата составени од двајца возрасни со две издржувани деца во 2017 година е 20 %. Според најфрекфентниот статус на економска активност, стапкатата на сиромашни вработени лица е 9 %, додека стапката на сиромашни пензионери е 7.7 %.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Зголемување: Дури 460.300 македонски граѓани живеат во сиромаштија

Што прави Владата за да ја намали сиромаштијата

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Убава вест: Оздравени 154 заразени од Ковид-19, најмногу во Скопје и Куманово

Редакција

Ги следиме случувањата, соработката со Владата продолжува, велат од Стејт департмент

Редакција

Во Скопје 11: Од Ковид-19 починаа 32 лица, најмладото на 25 години

Редакција