еМагазин
Image default
Македонија

Фијат Цановски ќе бара отштета од 40 милиони евра за уривањето на „Космос“

Сопственикот на комплексот „Космос“, бизнисменот Фијат Цановски, на денешното рочиште за случајот „Т.Н.Т.“ на СЈО, пред судот кажа дека уривањето било политичко и дека ќе бара отштета од државата и обвинетите. Посочи дека нивната штета според неколку вештачења кои биле направени изнесува околу 40 милиони евра.

Случајот се наоѓа во доказна и постапка и денешното рочиште продолжи со читање на доказите на сведоците Мери Станчевска, која е недостапна за органите на прогонот, како и од Трајко Трпевски кој починал во јули 2018 година, денеска продолжи рочиштето за предметот на Специјалното јавно обвинителство.

Исказите од двајцата сведоци се однесуваат на рушењето на Космос, оти тие биле сопственици и вработени во дел од фирмите кои го уривале објектот.

Пред почетокот на судењето адвокатот Боро Тасески побара одлагање на рочиштето поради, како што рече, на минатото рочиште за дел од доказите биле побарани стручни лица да присуствуваат, а со цел да се запази редоследот на судењето. Тасевски, рече одбраната побарала од судот односно од општината контролен преглед за извршен инспекциски надзор од јуни 2018 година.

Судијата Огнен Ставрев, рече дека барањата се неосновани и дека судењето може да продолжи со доказна постапка по што продолжи со рочиштето.

Меѓу обвинетите во случајот се поранешниот премиер Никола Груевски, кој е во бегство во Унгарија, поранешниот министер за транспорт и врски Миле Јанакиески и поранешниот градоначалник на Општина Гази Баба Тони Трајковски.

Според обвинението на СЈО, обвинетите во 2011 година сториле кривично дело од политичка омраза со уривање на комплексот „Космос“ на Фијат Цаноски.

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Притвор за полицаецот-убиец од Битола

Редакција

МВР со детали за случајот со самоповредени ученици во Битола

Редакција

Долг ден во Собранието: Седницата презакажана за во 21 часот, дел од пратениците на ВМРО-ДПМНЕ си отидоа

Редакција