еМагазин
Image default
Бизнис

„Фич“ го потврди кредитниот рејтинг ББ со позитивен изглед за Македонија

Aгенцијата „Фич” соопшти дека го потврдува кредитниот рејтинг на Македонија ББ, со позитивен изглед, информираат од Министерството за финансии.

– На потврдата на рејтингот ББ влијаеjа историјатот на кохерентна макроекономска и финансиска политика, која го поддржува долготрајниот фиксен девизен курс. Позитивниот изглед ја одразува стабилизацијата на политичкото окружување, што резултирало со суштински напредок кон членството во ЕУ и зголемена економска доверба, велат од Министерството за финансии.

Во извештајот, „Фич“ го нотира значителниот напредок во решавањето на проблемот со името со Грција, односно усвојувањето на уставните измени во Македонија и очекуваното усвојување на договорот од страна на Грција.

Според „Фич“, ова ќе го асфалтира патот на Македонија кон членство во НАТО и ќе го поддржи почетокот на формални преговори за членство во ЕУ. Притоа, се забележува дека целиот процес го истакнува и подобрувањето на политичкиот амбиент во Македонија, односно дека процесот се реализирал без негативен ефект врз политичката стабилност и со широка поддршка од меѓународната заедница.

„Фич“ констатира дека подобрената политичка стабилност влијаела на закрепнувањето на економската активност и оти растот на БДП ќе забрза од 2,3 проценти во 2018 на 3,2 проценти во 2019 година и на 3,6 проценти во 2020 година.

Според „Фич“, дефицитот е намален од 2,7 проценти од БДП во 2017 на 1,8 проценти во 2018 година како резултат на повисоките даночни приходи поради зајакнувањето на економијата и подобрената наплата на приходи, како и на потфрлањето кај капиталните расходи поради ре-оценката на проектите и затегнувањето на процесот на набавки.

„Фич“ очекува дека подобрувањето на капиталните расходи ќе резултира со дефицит од 2,7 проценти од БДП во 2019, а повисокиот раст и фискалните реформи ќе го намалат дефицитот на 2,5 проценти од БДП во 2020.

Се посочува дека се имплементираат подобрувања во управувањето со јавните финансии преку програма усогласена со ЕУ. Се нотира дека државниот долг од 40,8 проценти од БДП на крајот на 2018 според официјалните оценки е под медијаната на групата на слични други земји од 47 проценти, додека гарантираниот .долг изнесува 8 проценти од БДП.

„Фич“ оценува дека ризиците за политичката стабилност се се уште повисоки од групата на слични други земји како резултат на политичката криза меѓу 2014 и 2017 година и се наведува дека врз подобрување на рејтингот може да влијаат подобрувањето на стандардите на владеењето и понатамошното намалување на политичкиот ризик, како и имплементацијата на среднорочна фискална консолидација конзистентна со стабилизација на учеството на јавниот долг во БДП.

Врз влошување на кредитниот рејтинг пак може да влијаат негативните политички движења кои би влијаеле врз стандардите на владеење и економијата, фискалната недисциплина или потенцијалните обврски, како и проширувањето на дефицитот на тековната сметка.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Факом лани работел со намалена добивка

Редакција

Во мај индустриското производство во мај поголемо за 16,5%

Редакција

Народната банка даде согласност Зечевиќ, Камбовски и Велјановски да станат членови на Надзорниот одбор на Стопанска банка Битола

Редакција