еМагазин
Image default
Македонија

Филипче: Агатангел да го повлече повикот да се посетуваат храмовите

Министерот за здравство Венко Филипче го повика епископот на Повардарската епархија, Агатангел, да го повлече повикот до верниците да ги посетат храмовите бидејќи гробиштата за Духовден ќе бидат затворени.

„Јас го повикувам епископот да го повлече повикот да се посетуваат храмовите. Ова е многу осетлив период во овој момент на епидемиолошката крива и тој повик е спротивен на сè што сега правиме да се заштити јавното здравје.

И, секако, спротивен е и на многу уредби коишто Владата ги има донесено, а тоа е пред сè уредбата за забрана на масовни собири. Тоа е нешто кое доколку се случи, сериозно ќе го загрози здравјето на сите кои ќе бидат таму присутни, како и јавното здравје“, рече Филипче одговарајќи на новинарско прашање на прес-конференцијата по повод донацијата од ЕУ.

Рекацијата на Филипче доаѓа откако Повардариската епархија упати повик до верниците:

МИА/Фото:Влада/Фејсбук/Повардарски епархија

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Од Украина досега евакуирани околу 120 македонски граѓани, меѓу кои и неколку Украинци

Редакција

Се разработи „Криволак“: Војската на САД ќе гаѓа со „Блек хок“ хеликоптери, а потоа 2.000 војници во „Одлучен удар“

Редакција

Ревакцинирани вкупно 425.356 граѓани

Редакција