еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Филипче: Болницата „8 Септември“ се става во функција за потребите за згрижување на пациенти со корона вирусот

Министерот за здравство, Венко Филипче денеска информираше дека и дел од болницата „8 Септември“ се става во функција за потребите за третман на заболени од корона вирусот.

На тој начин, како што рече тој, се обезбедува можност доколку има потреба за интервенција на пациентите со корона вирусот или доколку некој од нив е сомнителен, а има потреба од друг тип на интервенција.

Во болницата, предвидениот оддел ќе има 22 кревети и две респираторни машини, а утврден е и патот по кој ќе се движат пациентите.

Следната недела ќе се направи посебен план за посебни пунктови во Здравствениот дом, бидејќи ќе се прави поширок опфат на скрининзи на поголем број на население, бидејќи има локална трансмисија во Скопје.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Се тестираат дополнителни 35 лица, во Скопје веќе има локална трансмисија на корона вирусот

Владата на САД очекува епидемијата од коронавирусот да трае 18 месеци

Поради корона вирусот до крајот на април затворени хотелите во Грција

Италија останува во карантин и по 3 април

Фото: Влада

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Кекеновски поднесе инцијатива за Законот за јазиците пред Уставен, смета дека е донесен без потребниот број на гласови

Редакција

(Фото) Отворена продавницата Superdry во Скопје Сити Мол: Нов член на семејството Fashion Group

Редакција

Пописот се одлага за април 2021, ДЗС ќе ги тужи за клевета Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ

Редакција