еМагазин
Image default
ЖИВОТ

Филипче: Да се однесуваме одговорно и без паника, со што ќе го заштитиме здравствениот систем

Граѓаните да применуваат примарно телефонска и електронска комуникација со здравствените установи, освен при неодложна здравствена потреба, и да се почитуваат стручните препораки од матичните лекари за зачувување на здравјето и за правилно лекување, апелира министерот за здравство, Венко Филипче.

„Не купувајте лекови непотребно, односно не правете непотребни залихи на лекови во вашите домови, посочува Филипче и додава дека лекови на рецепт на товар на Фондот за здравствено осигурување има во доволни количини, во промет одобрен од Агенцијата за лекови и медицински средства.

Да се однесуваме сите одговорно и без паника со што ќе го заштитиме нашиот здравствен систем, а со тоа и сите нас како граѓани,“ истакнува Филипче на својот Фејсбук-профил.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Бројот на заболени здравствени работници со коронавирусот се искачи на 17

Сите детали: Најголем дел од новозаболените од коронавирусот се на возраст од 50-59 години

(Видео) Ако имате сиптоми типични на коронавирусот, јавете се на матичниот доктор!

На 14 пунктови ќе се врши тестирање, проценките ќе ги вршат и матичните лекари

Фото: МЗ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Беќаровски: Неконтролираната употреба на антибиотици придонесе кога навистина ќе ви требаат можеби нема да делуваат

Редакција

Од утре до 3. мај уште три локации во Скопје за подигнување бесплатни билети за литургијата со папата

Редакција

Планинар се изгубил на Шар Планина, најден утрово во бачило

Редакција