еМагазин
Image default
ДОБРОСОСЕДСТВО

Филипче и неговиот грчки колега договорија обуки на лекарите, научни програми, размени

Министерот за здравство Венко Филипче, денеска во Владата оствари средба со грчкиот министер за здравство Андреас Ксантос, во рамки на официјалната посета на премиерот на Република Грција Алексис Ципрас на нашата држава.

На средбата, двајцата министри разговараа за зајакнување на соработката помеѓу двете земји во областа на здравствениот сектор преку поттикнување на обуки, научни програми и размени на Универзитетите, болниците и другите здравствени установи.

Областите од заеднички интерес за размена на знаења и за спроведување на проекти се:

– мобилизирање на структурните фондови на Европската Унија, особено средства од Интеррег, за спроведување на прекугранични проекти во здравствениот сектор

– обезбедување експертиза во областа на менталното здравје (деинституционализација, служби за ментално здравје во заедницата, психосоцијална и професионална рехабилитација) и зависност од дрога (превенција, супституциона терапија, таканаречени „суви“ програми и психосоцијална рехабилитација)

– соработка во областите на заразните болести (особено на векторните болести) и прашања од јавното здравје, како и системот за Итна медицинска помош

– обезбедување на експертиза и техничка поддршка при обезбедување и менаџирање на крв наменета за трансфузија, вклучувајќи и серологија и молекуларно тестирање.

„Моментално, со Република Грција во рамки на ИПА меѓуграничната соработка се одвива проектот „Унифициран информатички систем за размена на информации меѓу единиците во примарната здравствена заштита во меѓуграничниот регион, HEALTH INFO. Главната цел на проектот е зајакнување на соработката меѓу двете земји во областа на здравството, преку размена на информации во унифицирани информациски системи.

Во рамки на проектот предвидено е да се изврши набавка на опрема за скрининг на рак на дојка, да се спроведе едукација на здравствени работници, да се врши скрининг за рак на дојка и да се воспостави заедничка е-платформа заради размена на информации за прекуграничните здравствени ресурси“, соопштуваат од Министерство за здравство.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Што договорија Николовски и неговиот грчки колега

Заев-Ципрас: Мора да трчаме и брзаме, изгубивме три децении

Фото: Министерство за здравство

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Неуспехот на Европа за одржување на прва меѓувладина конференција со Македонија и Албанија е против европската идеја, порача Заев од Економскиот форум

Редакција

Србија се подготвува за изградба на граничниот премин Миратовац-Лојане со Македонија

Редакција

(Фото) Од Скопје до Белград ќе се патува за три и пол до четири часа: Отворен јужниот крак на Коридорот 10

Редакција