еМагазин
Image default
Македонија

Филипче: Имаме доволни количества резервни маски, мантили и скафандери 

Министерот за здравство, Венко Филипче, изјави дека од денеска во рамки на Министерството за здравство функционира кризна група, во која членуваат експерти од областа на епидемиологијата, инфективните болести со цел менаџирање на сите информации и активности во врска со случаите со корона вирусот, потенцијално доколку ги има, координација на сите активности и со другите институции и препораките кои вчера беа дадени од Центарот за управување со кризи.

Во тек на денешниот ден ќе се дистрибуира целокупниот информативен материјал – прашалникот, како и заштитниот материјал до сите гранични премини, сувоземни и аеродромите, како дополување таму каде што недостига.

Тој информираше дека имаат доволни количества резервни маски, мантили и скафандери, кои што ќе се дополнат во периодот што следува.

Филипче упати апел до сите кои дошле од критичните региони да се придржуваат до препораките кои ги добиле во флаерот, доколку по патување во период од две недели им се појават некакви симтоми да не се чека на здравствените институции, туку да се јават на телефоните во Центарот за јавно здравје и Институтот за јавно здравје и уште еднаш упати апел до јавноста да биде сензитивна и да не наседнува на лажни вести, да не се креира непотребна паника.

Министерството за здравство е на располагање 24 часа со цел споделување на сите точни информации.

На денешната седница на Влада ќе се дискутира за откажување на сите планирани патувања во овој дел на Европа од државните институции, при што тој упати апел до сите граѓани да се придржуваат до мерките коишто се дистибуирани, во смисла на одржување лична хигиена која помага во спречување на ширење на оваа инфекција, како и на актуелниот грип.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Превенција од коронавирусот: Маски за еднократна употреба, кои се најевтини, НЕМА

Како да се заштитите од корона вирусот: АПЕЛ за целосно почитување на превентивните мерки

Корона вирусот „пристигна“ во Хрватска: Потврден прв случај кај повратник од Милано

(ВИДЕО) Како на филм: Колона за маски за заштита од корона вирусот во Јужна Кореја

Патник од Дубаи се проверува за коронавирус на Инфективна клиника

Филипче апелираше граѓаните да ги откажат патувањата во Северна Италија доколку немаат итна потреба

Фото: МЗ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Судот во Стразбур пресуди во полза на сопствениците на станови исклучени од централното греење

Редакција

Викиликс открива: Република Северна Македонија било прифатливо решние за името и во 2008

Редакција

Поднесено барање за укинување на притворот на Јанева, одбраната очекува одлука до петок

Редакција