еМагазин
Image default
Македонија

Филипче: Кога и да се одржат изборите мора да се спроведат по строг протокол, работиме на олабавување на мерките

Кога и да се одржат изборите тие мора да се спроведат по строг протокол за заштита на здравјето на граѓаните. Протоколот ќе биде изработен од Комисијата за заразни болести заради тоа што нема да дозволиме каква било организација што може да го загрози успешното менаџирање на оваа здравствена криза, рече министерот за здравство, Венко Филипче на денешната прес-конференција.

Очигледно е, посочи министерот, дека бројката на заболени пациенти се намалува, епидемијата спласнува, тоа особено не радува и ни дава за право да работиме на олабавување на мерките, постепено да се враќаат на работа сите компании и субјекти кои се сега затворени.

– Се изработија протоколи кои се споделија со економски оператори за кои се наменети. За дел од нив се стигнати и нивните мислења, за другиот дел ги очекуваме овие денови и верувам дека до крајот на оваа недела веќе сите протоколи ќе бидат завршени врз основа на анализите и дека од почетокот на следната недела тие ќе може да се применуваат, додаде Филипче.

МИА

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Филипче: Нема никаков политички интерес во намалувањето на тестирањата за Ковид-19

Убава вест: Над 50 од 70 заразени здравствени работници во болницата во Куманово се вратија на работа

Убава вест: 184 излекувани здравствени работници од коронавирусот во Македонија

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МВР на Република Српска уапси 8 лица за интернет измами на повеќе оштетени лица од Македонија

Редакција

206 лица од заболените со коронавирусот во Македонија без симптоми

Редакција

Македонскиот пасош на 16. место во светот, помоќен е и од американскиот

Редакција