еМагазин
Image default
Македонија

Филипче: Лекарот кој беше физички нападнат е во стабилна состојба, нема сериозни повреди

Лекарот од тетовската болница кој утринава физички беше нападнат од пациент е во стабилна состојба и нема сериозни повреди, потврди министерот за здравство Венко Филипче.

– За среќа нема сериозни повреди. Тој е во стабилна состојба. Ќе го задржат на опсервација на Клиниката за неврохирургија, изјави Филипе по посетата на Градската општа болница „8 Септември“ во Скопје.

Претходно, СВР Тетово информираше дека утринава околу 9 часот бил нападнат лекар на Кожното одделение при Клиничката болница во Тетово. Сторителот, 43-годишниот А.Б. од Голема Речица е приведен и задржан во полициска станица.

МИА/Фото: Министерство за здравство

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Двапати нападнат лекар на кожното одделение во тетовската болница

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Условна казна за докторот кој ја породуваше Веапоска

Редакција

Софија обвинува за репресија на Бугарите во Македонија

Редакција

Видео од апсењата на ГП „Табановце“, 12 полициски службеници заработија кривични

Редакција