еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Филипче: Мали се шансите да сум заразен, но одлучив да работам од дома

Министерот за здравство Венко Филипче на вечерашната онлајн прес-конференција истакна дека од анкетата со епидемиолозите било утврдено дека се мали шансите тој и неговите колеги кои вчера присуствувале на седницата на Кризниот штаб во Куманово да се заразиле со коронавирусот, откако се потврди дека градоначалникот на Куманово, Максим Димитриевски е позитивен, бидејќи носеле заштитни маски.

Сепак, вели Филипче, одлучил овие денови да работи од дома и да даде пример дека ова е начинот на кој треба да се постапува.

Тој рече дека не знаеле оти на некои од членовите на Штабот во Куманово им биле земени брисеви и оти чекаат резултати, но, како што посочи, поради тоа што знаеле дека одат во подрачје каде има поголем број заразени носеле соодветна заштитна опрема.

МИА/Фото: МЗ

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Филипче: Од денеска ќе бидам во домашна изолација

Кумановскиот градоначалник Максим Димитриевски заболен од корона вирусот

Во самоизолација оди премиерот Оливер Спасовски

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Најчитани на еМагазин за 2020 година: Сите детали за новите платежни картички: Кој ќе добие пари за купување македонски производи и услуги?

Редакција

Пендаровски му врати на Филипче: Тешко дека слики на граѓани кои бараат здравствена заштита во странство се за фалење

Редакција

(Видео) Во пресрет на Бадник и Божик, објавена третата верзија на песната „Вечниот Бог“

Редакција