еМагазин
Image default
Македонија

Филипче: Матичните лекари технички може да ги променат прашањата од епидемиолошката анкета за корона вирусот

Технички прашањата во епидемилошката анкета кои се однесуваат на тоа дали лицето било во странство или имало контакт со лице кое било во странство може да се променат од страна на матичните лекари кои се со искуство, вели министерот за здравство Венко Филипче.

„Точно дека тие прашања се од почетокот и се однесуваат на тоа дали лицето имало контакт со странство, но матичните лекари се со искуство и технички може да се смени прашањето“, изјави министерот одговорајќи на новинарско прашање дали ќе има промена на овие прашања со оглед на тоа што веќе вирусот се шири локално.

Според Филипче е позитивно тоа што на пунктовите за тестирање од коронавирусот се забележани многу малку позитивни случаи.

„Многу е важно што увидовме дека многу малку на пунктовите се забележани позитивни случаи на Ковид-19. Од луѓето кои се јавуваат, кои аплицираат на анкетата, пред се позитивните случаи, се лица на кои им пристапуваат епидемиолозите, на пациенти кои веќе имаат сериозни симптоми, кои што укажуваат на запаление на белите дробови, кои што може да потекне од коронавирусот“, рече Филипче.

МИА

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

И медицински техничар од Инфектината клиника во Скопје заразен со коронавирусот

10 заболени со коронавирусот се со тешка клиничка слика

Вкупно 12 починати од корона вирусот во Македонија

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Во Македонија со коронавирусот се заразиле повеќе жени

Редакција

Детален преглед на активни случаи на Ковид-19 по скопските општини

Редакција

49 нови случаи на Ковид-19 и едно починато лице во Тиквешијата за 24 часа

Редакција