еМагазин
Image default
Македонија

Филипче: Најдоцна утре јавно ќе бидат објавени имињата на луѓето кои не сакаат да примаат решенија за самоизолација

Министерот за здравство Венко Филипче соопшти дека денеска или најдоцна утре јавно ќе бидат објавени имињата на луѓето кои не сакаат да ги примат решенијата за самоизолација, а станува збор за 450 такви решенија.

-Утрово уште еднаш дискутиравме на состанокот на Комисијата за заразни болести како да го решиме овој проблем. Станува збор за 450 решенија за кои очекувавме помош од МВР, но тие не се поделија, ги вратија назад.

Веројатно дека денеска или најдоцна утре ќе започнеме таканаречена јавна објава зашто, едноставно, луѓето не се достапни или даваат погрешни податоци во анкетните листови.

Тоа се луѓе кои се огромен ризик ако се асимптоматски носители на вирусот и доколку се движат помеѓу луѓе и ја не почитуваат самоизолација, може болеста да ја шират. Така што, сметам дека овие денови и тоа ќе биде решено, изјави Филипче при денешната посета на Прилеп одговарајќи на новинарско прашање.

МИА/Фото: МЗ

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Поради лажните податоци и непримањето на решенијата за самоизолација и во наредните 10 до 15 дена ќе има голем број заразени со Ковид-19

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Партијата го менува статусот: Груевски веќе нема да биде почесен претседател на ВМРО-ДПМНЕ

Редакција

Данела Арсовска за бугарското државјанство: Разочарана сум, како не им е срам да излегуваат со овие небулози

Редакција

Левица го блокираше законот за медиуми со кој пет национални телевизии за владини реклами ќе поделат неколку милиони евра

Редакција