еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Филипче: Народот не почитува, ќе се затворат парковите и ќе се воведат построги мерки

Министерот за здравство, Венко Филипче на денешната прес-конференција изјави дека ќе даде предлог до Владата да се затворат парковите, но и да се воведат и други, построги мерки, бидејќи и покрај препораките и апелите, повторно има јавни собири.

„Очигледно не постои придржување до мерките, и голем број на граѓани ризикот не го земаат за сериозен. Мерките ќе ги заостриме, само така ќе има резултат. Бројката на пациенти расте и ќе расте, но кривата на пораст е поблага во споредба со другите држави. Сметам дека со дополнително заострените мерки бројката на заразени ќе се намали,“ изјави Филипче.

Во однос на деветте нови регистрирани пациенти, со што вкупната бројка се зголеми на 85, тој додаде дека сите случаи се во корелација со веќе претходно познати случаи. Голем дел од пациентите се на домашно лекување, бидејќи имаат лесна клиничка слика, но тие цело време се во комуникација со медицински персонал, модел кој се применувал и во Германија.

Денеска, рече тој, ќе биде објавен и бројот на кол-центарот каде што граѓаните ќе може да се јават, со што ќе се надмине проблемот, тоа што не можат да ги добијат Центрите за јавно здравје. Од понеделник ќе бидат отворени и двата пункта за тестирање во поликлиниките „Јане Сандански“ и „Чаир“.

Филипче информираше дека јавната набавка за респираторни машини е поништена, бидејќи никој од операторите не можел да го задоволи критериумот за итна испорака. Набавката сега ќе ја спроведе Владата.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Владата ќе воведе забрана и посебен режим на движење: Армијата и полицијата излегуваат на улица

Вкупно 85 заразени со корона вирус: Регистрирани нови девет случаи

Македонка од центарот на епидемијата на корона вирусот во Италија: Младо активно лице ја зарази цела Ломбардија, седете дома!!!

Фото: МЗ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Притвор за двајцата царинарници кои зеле поткуп на „Табановце“

Редакција

Во Македонија над 500 лица живеат со ХИВ, како се пренесува?

Редакција

(Видео) Во Берово утре пак јавно ќе се мачат коњи

Редакција