еМагазин
Image default
Македонија

Филипче: Нема ниту една причина за некаков ризик или паника за корона вирусот во нашата држава

Министерот за здравство Венко Филипче вели дека нема ниту една причина за некаков ризик или паника за корона вирусот во Македонија.

„Кај нас стигнуваат авиони од Истанбул и Дубаи. За утрово имаме информација дека авионот од Истанбул бил откажан, односно пролонгиран за неколку часа. Системот е веќе воспоставен. Во текот на вчерашниот ден направен е распоред на епидемиолози од Центарот за јавно здравје, и тие ќе бидат присутни за време на скенирањето.

Вчера, имавме работен состанок со директорот на ТАВ, излегоа во пресрет тие авиони секогаш да бидат насочени на еден или два излези, кои се многу блиску, од практичен аспект камерата да биде поставена на едно место, доколку треба да се користи собата за изолација“, изјави Филипче.

Доколку се констатира дека некој од патниците има покачена телесна температура првиот чекор е интервју со епидемиолозите дали доаѓал од Кина и дали имал контакт со некои заразени.

„Доколку има таков случај има алгоритам, како се постапува и доколку има таков случај има протокол за излолација, дезинфекција и на авионот и на просториите и соодветен пат којшто е веќе предвиден со тој алгоритам, со посебно возило на Брза помош само за таа цел на Инфективната клиника во Скопје“, рече Филипче.

Во одговор на новинарско прашање, министерот Филипче потенцираше дека однапред и пред скенирањето се знае колку пациенти, потенцијални заразени може да се очекуваат. Ова значи дека има двојна сигурност, и истите тие ќе бидат интервјуирани и ќе се знае како ќе се постапува.

„Секој кој нема директен контакт и не доаѓа од Кина ќе си оди преку преку матичниот лекар, а секој којшто доаѓа и има симптоми ќе се обрати на посебниот телефонски број, кој го има на дистрибуираните флаери од Институтот за јавно здравје. Работата е целосно под контрола и во овој момент не гледам ниту една причина за некаков ризик или паника“, истакна Филипче.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Кои се симптомите на коранавирусот

(ВИДЕО) Неконтролирано тресење: Како изгледа заразен од коронавирусот

Корона вирусот „пристигна“ во Европа: Во Германија потврден првиот случај

Фото: Влада

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Филипче: Ги следиме забелешките за вакцината на „АстраЗенека“

Редакција

МНР за твитот на Украинската амбасада: Учеството во која било странска војска е кривично дело

Редакција

Агенцијата за храна и ветеринарство повикува на совесно и безбедно празнување на Курбан Бајрам

Редакција