еМагазин
Image default
Македонија

Филипче: Нема ризик за зголемување на бројот на заболени од корона вирусот со отворањето на границите и аеродромите

Отворањето на границите не е некој значаен ризик за зголемување на бројот на ново дијагностицирани случаи со корона вирусот затоа што локалната трансмисија е најголемиот ризик, изјави министерот за здравство Венко Филипче за време на попладневната посета на Клиничка болница-Битола.

„Како што е познато на почетокот на кризата имавме случаеви кои дојдоа од странство, но тие беа ризик за мал број контакти во нивната непосредна околина. Доколку се почитуваат превентивните мерки тогаш овој ризик практично се сведува на минимум. Неможе ниту една држава од светот да живее сама во себе затворена со затворени граници.

Сметам дека отворањето на границите со контролата што ја имаме, односно термалните камери на аеродромите и начинот на анкетирање на патници на влез во државата, сметам дека нема ризик за зголемување на бројот на дијагностицирани пациенти“, посочи министерот Филипче.

На новинарско прашање во врска со можностите и условите здравствените работници да користат одмор, министерот Филипче истакна дека ќе се направи систем на автентична организација на секоја јавна здравствена установа.

„Имајќи пред вид дека од почетокот на кризата здравствените работници деноноќно работат, ќе се направи соодветен распоред во секоја ЈЗУ, бидејќи на здравствените работници им е потребен одмор но тоа нема да значи загрозување на работењето на јавните здравствени установ“, одговори министерот Филипче.

МИА

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Од петок се отвараат границите, а од 1. јули аеродромите без никакви ограничувања

Сите детали: Нови правила на ТАВ, најмалку три часа пред лет да се пристигне на аеродром

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Пресудата за „27 април“ судијката Кацарска ќе ја соопшти на 15. март

Редакција

Бојан Јовановски – Боки 13 отстранет од судница на рочиштето за „Меѓународен сојуз“

Редакција

Заев ќе поднесе оставка следната недела, за успехот на Ковачевски како премиер предвидува дека ќе биде меѓувладината конференција

Редакција