еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Филипче: Обезбедивме терапија која се покажа како успешна против коронавирусот

Со оглед на тоа што излегоа повеќе студии од веќе аплицирана терапија во светот, ние ја обезбедивме целата потребна терапија за навистина голема бројка пациенти со коронавирус во нашата земја, истакна на денешната прес-конференција, министерот за здравство Венко Филипче.

Посочи дека тоа е комбинацијата на терапија која досега во повеќе публикации укажува на тоа дека дава добри резултати во лекувањето на пациентите со коронавирус.

„Процедурата е таква што протоколот за лекување треба да се прифати на стручниот колегиум на Клиниката за инфективни болести, што се направи изутрината и денеска и веќе утре треба да се заврши формално правната постапка со добивање дефинитивна дозвола за употреба на оваа комбинација на терапија од Агенцијата за лекови по што веднаш ќе биде аплицирана на сите пациенти каде тоа е индицирано.

Станува збор за терапија за која ќе се прават клинички студии, но многу земји веќе ја ставија во протоколите со оглед на тоа што даде добри резултати во повеќе земји“, рече Филипче.

Посочи дека на Клиниката за инфективни болести денеска се прават шест контролни тестирања на пациенти кои веќе се хоспитализирани од кои тројца се во потешка состојба, еден е во средно тешка и двајца пациенти се со лесна клиничка слика.

МИА/Фото: Влада

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(ВИДЕО) Потресни снимки од болница во Бергамо, укажуваат колку сериозно треба да се сфати кризата со коронавирусот

Помалку заразени од Луксембург: Го стави ли Русија корона вирусот под контрола?

Армијата од денеска се вклучува во обезбедувањето на објектите од витално значење  

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Македонскиот политичар Стерјовски не освои доволно гласови за нов пратенички мандат во албанскиот Парламент

Редакција

Поранешните министри за финансии на СЕФФ: Приоретизирање на трошењата, инвестиции во обновливи извори на енергија и во човечки капитал

Редакција

Ослободување од работа на хронично болните лица треба да биде со потврда од лекар специјалист

Редакција