еМагазин
Image default
ЖИВОТ ТОП СТОРИИ

Филипче: Потребна е силна поддршка и соработка со граѓаните, мерките се заоструваат

Министерот за здравство, Венко Филипче уште еднаш на неговиот фејсбук-профил на повтори дека сите граѓани, компании, институции, секој поединец, максимално сериозно и без никакви отстапки да ги следи насоките и препораките.

„Коронавирусот не е шега. Единствениот начин да се заштитиме е секој еден, без исклучок, да се однесува одговорно. Сите информации се достапни, сите мерки се јасни. Мерките се заоструваат од ден на ден и ќе преземеме се што е потребно да го заштитиме јавното здравје.

Но, ова институциите не може да го направат сами, потребна е силна поддршка и соработка од граѓаните. Останете дома! Не се собирајте, не се групирајте! Сите кои можат да работат од дома да го направат тоа. Особено внимавајте и заштитете ги највозрасните, ранливите и хронично болните, тие се во најголем ризик,“ напиша Филипче.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Како да се заштитите од корона вирусот: АПЕЛ за целосно почитување на превентивните мерки

Кои се симптомите и како да се заштитите од корона вирусот?

На овие телефонски броеви може да се јавите при сомнителни симптоми на корона вирус

Фото: Фејсбук/Филипче

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Москва: Влезот на Финска во НАТО е дефинитивно закана за Русија, ќе има адекватен одговор

Редакција

Денеска сончево и релативно топло време, до 19 степени

Редакција

Доктор Даниловски: Омикрон пламна како шумски пожар, но се повеќе му недостасува кислород за горење

Редакција