еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Филипче: Пред нас е најтешкиот период во кој се очекува бројот на починати и заболени да расте

Министерот за здравство, Венко Филипче на денешната прес конференција потенцираше дека пред нас е најтешкиот период во кој се очекува бројот на заболени и починати од коронавирусот да расте.

“Ни претстои за жал и период во кој ќе расте и бројот на починати. За ова сите мораме да бидеме свесни. Денеска имаме и еден млад човек кој што почина. Ова е доказ дека вирусот не штеди никој, никој не е имун, ниту заштитен од него.

Стануваше збор за најтешката можна форма на клиничка  манифестација на оваа болест, рече министерот за здравство и упати апел до сите граѓани да ги почитуваат препораките.

“Почитувани граѓани сакам да кажам дека пандемијата во светот не стивнува, напротив бројката постојано расте, вирусот не заобиколи ниту една земја, не ја заобиколи ниту нашата.

Нешто повеќе од еден месец кога првпат беше регистриран првиот позитивен случај во нашата земја  и од тогаш до денес бројката на потврдени слуачи секојдневно расте.

Добро е што бројот на случаи се зголемува линеарно, а не експоненцијално, што значи дека секој ден имаме приближно еднакво зголемување, што се уште му дава шанса на нашиот систем за одржливост и можност соодветно ги прими и амортизира сите пациенти без притоа да бидат пренатрупани нашите капацитети“, рече Филипче.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Зошто и како почина најмладиот пациент од коронавирусот во Македонија, кој имаше 31 година

Први случаи на заболени со коронавирусот во Струмица и Гевгелија

Вкупно се 19: Во кои објекти во Македонија се носат во државен карантин повратниците од странство

Македонец во Франција: Од дома излегуваме со лист на кој стои причината зошто мораме надвор

Фото: МЗ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Убава вест: 17 оздравени пациенти од Ковид-19, вкупно 1.552

Редакција

Димитров: Патот до ЕУ и НАТО води преку договорот за името, нема план Б

Редакција

Ципрас ја плати цената за Преспанскиот договор, судбината на Заев зависи од ЕУ?

Редакција