еМагазин
Image default
Македонија

Филипче: Се прават проекции за нови болнички капацитети за есенските месеци

Министерот за здравство Венко Филипче по денешната средба со здруженијата на лица со ретки болести, одговарајќи на новинарско прашање поврзани корона вирусот, изјави дека болниците имаат доволен капацитет на болнички кревети, а веќе се прават проекции и за нови капацитети како подготовка за есенските месеци.

„Има неколку слободни кревети на инфективната клиника, од 110 вкупно 90 се денеска полни.

Целосно е празна модуларната болница каде утре завршува монтажата на централен систем за довод на гасови, што значи дополнителни 70 кревети каде што ќе работи кадар од Институтот за туберкулоза со оглед на искуството на овие лекари и сестри коешто го имаат во третманот на белодробната патологија.

Триесетина проценти е исполнет капацитетот на болницата Козле. Има доволен број на слободни кревети во болницата „8 септември“, каде работиме на системот на ротација на кадар. Полуисполнет капацитет има во сите болнички капацитети ширум државата, освен во Охрид и Битола каде што има неколку слободни кревети“, изјави Филипче.

Тој додаде дека трендовите изминатите неколку денови покажуваат дека се намалува бројот на приеми, во споредба со пред десетина дена кога имаше поголем број на пациенти кои што доаѓаа во болница, а немаше пациенти кои што се испишуваа. Како пример ја наведе Клиниката за инфективни болести каде што вчерашниот ден бележи поголем број на испишани од примени пациенти.

„Сепак, ги подготвуваме болничките капацитети како во однос на патеки за соодветен третман, ако даваат и друга здравствена услуга, и правиме проекција и за нови капацитети не само за сега, туку и за есенските месеци кога е можно да се соочиме со уште поголем притисок и со друга патологија од сезонскиот грип“, изјави Филипче.

Во однос на болницата „8 Септември“ за ротациите на медицинскиот персонал со цел да се одморат, Филипче истакна:

„Се постави вчера прашањето за замена на анаестезиолозите кои што работат во одделенијата за интензивна нега. Во изминатите неколку недели тројца анестезиолози се префрлија од приватните болници во болницата „8 Септември“ и се одлична помош за осумте анестезиолози коишто веќе работат таму.

Денес ќе имаме состанок со анестезиолозите од КАРИЛ за да се направи замена, ротација на овие луѓе коишто работат во одделот за интензивна нега“.

Филипче информираше и дека деновиве ќе биде пуштен и системот за закажување на Мој термин за оние клиники и одделенија каде што лекарите, односно анестезиолозите не ротираат на другите клиники.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Бројките не попуштаат: Болниците и инфективните одделенија полни со пациенти заболени од корона вирусот

Починаа уште четири нови лица од корона вирусот, вкупно до сега 306

Нови 120 заболени од корона вирусот, најмногу во Скопје 64

Убава вест: Оздравени 123 пациенти од корона вирусот, најмногу од Куманово 92

Фото: МЗ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Од утре се воведува делумна забрана за движење во шуми и шумско земјиште

Редакција

Русковска бара помош од САД, ЕУ и европската обвинителка Ковеси поради притисоци од директорот на Финансиската полиција

Редакција

Невладините организации бараат враќање на своите работни места на свиркачите Лазаревски и Костовски

Редакција