еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Скринизи за рано откривање на корона вирусот освен во Дебар и Струга, можно е да се прават и на граѓани во Скопје

Министерот за здравство, Венко Филипче денеска информираше дека, со цел рано откривање на заболените од корона вирусот, ќе се прави скрининг на луѓето по епидемиолошки индикатори на територијата на Дебар, Струга и населби во регионот на Скопје.

Според Филипче многу е битно, случаите да се откријат порано, за подоцна да не го оптоварат здравствениот систем, да има компликации при лекувањето.

Тој рече дека има има доволна количина на тестови 1.500, ќе има донација од 1.000 тестови и ќе се направи набавка од уште 1.000.

„Масовен скрининг не значи дека ќе се тестираат сите граѓани, туку да ги уловиме групите кои се во фаза на инкубација, а план за тоа веќе прават епидемиолозите. Потребна е минимум индикација, да има некаква епидемиолошка врска со која било група до сега што се дијагностицирани или претходно заболени од грип. Препораките од Светската здравствена организација (СЗО) се да не се тестираат лица без симптоми,“ рече Филипче.

Во околината на Струга ќе се врши скрининг, бидејќи имале интензивна комуникација со зоната од Дебар.

Тој рече дека според студиите кои пристигнуваат од Кина и Италија, најголем проблем за здравствениот систем е ако за кратко време се наполнат одделенијата за интензивна нега, оттука и затоа е потребно раното откривање.

Филипче уште еднаш апелираше до граѓаните дека самоизолацијата е клуч за прекин на вирус, и операцијата за спречување на ширењето е во рацете на граѓаните.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Вкупно 35 заболени од корона вирусот: Уште четворица нови пациенти од Скопје

Филипче: Потребна е силна поддршка и соработка со граѓаните, мерките се заоструваат

Како да се заштитите од корона вирусот: АПЕЛ за целосно почитување на превентивните мерки

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Твитер „полуде“ за Законот за амнестија: „Господа од СДСМ објавете јавно дека сте во коалиција со ВМРО-ДПМНЕ“

Редакција

Обвинителството го гони ексдиректорот на Централниот регистар и уште тројца вработени за неосновано исплаќање плата на партиски активист

Редакција

Приведена позната македонска актерка Силвија Стојановска во врска со заплена на дрога

Редакција