еМагазин
Image default
Македонија

Филипче: Утре ќе се знае дали ќе има олабавување на мерките

Во овој момент рано е да се каже дали има услови за одржување избори и сето тоа, заедно со враќањето на сите тие процеси ќе зависи од препораките на стручните лица, изјави министерот за здравство Венко Филипче во денешното гостување во емисијата „Здраво Македонија“ на Канал 5.

– Ќе почекаме да видиме какви ќе бидат бројките и анализите во текот на утрешниот состанок, какви ќе бидат препораките за олабавување на мерките од почетокот на следната недела, препораките, како препораки, начинот на кој треба да се функционира во одредени сектори, како економските оператори во тие сектори треба да ја организираат работата.

Меѓутоа, кога сето тоа ќе почне и по кој редослед, ќе дознаеме во текот на денешниот односно утрешниот ден, па врз основа на тоа може да се носат други заклучоци и други планови, посочи Филипче.

Тој потенцира дека бројот на тестирања за Ковид-19 се намалува, затоа што нема пациенти. Филипче најави и тестирање на асимптоматските носители на вирусот, како што се вработени во градинките, во јавниот превоз, здравствени установи и други критични групи граѓани.

МИА/Фото: МЗ

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Откако му се влошила состојбата, 70-годишен велешанец починал од коронавирусот на пат кон Скопје

Нови 33 заразени со коронавирусот, раст на бројот во однос на изминатите денови

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Макфакс: Фирми формирани два дена пред конкурсот во изборот за доделување пари од Министерството за култура

Редакција

(ВИДЕО) ЦК на ВМРО-ДПМНЕ поради силна соработка со Заев го разреши потпретседателот Митко Јанчев

Редакција

Клиниките за кожни болести и за неврологија повторно стануваат ковид-центри, се отвара ковид оддел и во ГОБ „8 Септември”

Редакција