еМагазин
Image default
ЖИВОТ

Филипче: Во превенција на рак на дојка, новина е што двајца независни радиолози ќе ги читаат мамографите

„За првпат сите жени со рак на дојка имаат терапија. Спроведовме набавка на скапи цитостатици и сите жени на кои им е потребна терапија после операција или без операција на карцином на дојка, сега се покриени со целата терапија што им е потребна.

Воведена е и иновативна терапија за т.н. ХЕР2 карцином на дојка и таа терапија како второлиниска ја примаат 15 пациенти. Тука се и сите тестови за пристапот да биде индивидуализиран, се внимава на најсовремените терапевтски пристапи, како што е тоа во најразвиените земји во светот.“

Ова денеска го истакна министерот за здравство Венко Филипче кој маршираше со жените и даде поддршка на „Напред розево“ за подигање на свеста за ракот на дојката.

„Од оваа година обезбедивме бесплатни ортопедски градници, за жените што се оперирани од рак на дојка и имаат потреба од градник. Процедурата за добивање бесплатен градник e еднаш годишно во соработка со Фондот за здравствено осигурување. Исто така, за првпат обезбедивме и психолошка поддршка на онколошките пациенти, која е една од најважните сегменти за успешно лекување на болестите. Правиме сѐ, пациентите подобро и побрзо да го надминат тој тежок период“, изјави Филипче.

Мамографскиот скрининг се организира согласно Европските насоки за обезбедување на квалитет со цел максимално да се зголеми стапката на детекција на ракот на дојката и тоа во најраната можна фаза.

„Новина на работење е двојното читање на мамографиите од два независни читачи-радиолози кои имаат искуство во читање на мамографии од минимум 800 пациенти“, додаде Филипче.

Фото: МЗ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Фото) Многу емоции, солзи и возвишување на планината на промоцијата на книгата на Калина Велевска

Силвана Жежова

До петок посвежо време, за викендот затоплување

Редакција

Од утре започнува распродажба во „Рамстор мол“

Редакција