еМагазин
Image default
Македонија

Филипче: Вториот бран на корона вирусот дојде порано од што очекувавме

Апсолутно мерките беа носени врз основа на анализите во секој момент навреме и беа согласно сите препораки и критериуми на Светската здравствена организација (СЗО) и нема мерка што не е преземена, меѓутоа овој бран што потекнуваше од настани што точно ги идентификувавме од страна на епидемиолошките прашалници, беше нешто добро на што добро изреагиравме во овој момент.

Ова го оцени министерот за здравство Венко Филипче денеска на прес-конференција во одговор на новинарско прашање „дали здравствениот систем има капацитет да се справи со оваа ситуација и дали ќе ја платиме цената на лошите стратегии и мерки кои се носеа во изминатиот период“.

– Точно знаеме со што располагаме и подготвени сме да интервенираме, дури и во случај да имаме и поголем број пациенти. Ние со ваква криза, а ниту една земја во светот не се соочила и сметам дека добро изреагиравме и добро се менаџира. Вториот бран дојде порано од што очекувавме, но тоа е тренд насекаде во регионот, истакна Филипче.

Анализирани се причините зошто дојде до ова зголемување, анализирани се мерките кои и кога се воведени во нашата земја, консултирана е и СЗО, информира министерот Филипче и потенцира дека нема мерка што не е спроведено или нешто што е пропуштено или направено во погрешен тајминг.

– Тоа што беше невообичаено и се трудевме да го анализираме беше како кај нас се случува, а не во околните земји за еден пораст на бројот на новодијагностицирани пациенти, посебно имајќи ги предвид сличните карактеристики во сите земји во регионот, истите идентични воведени мерки во идентичен тајмин.

Бевме прилично сигурно дека рано и на време сме интервенирале во идентификација на контактите и тестирање на контактите на заболените со најголем ризик, со цел да имаме чиста слика во овој момент на епидемиолошката состојба, за да не не изненади голем наплив на пациенти во одреден момент што сега го имаме и број не надминува 20 проценти од вкупниот број на новодијагностицирани, појасни Филипче.

Во таа смисла, најави, интензивно анкетирање на терен, идентификацијата на контактите, нивно тестирање по индикација, може да предвидеме што ќе се случи.

Според  Филипче, веќе истиот тренд се јавува и во регионот, го има насекаде во сите околни земји веќе со сериозен број новодијагностицирани, што, потенцира, ни укажа на тоа дека навреме сме интервенирале и оти со оваа стратегија треба да продолжиме.

Капацитетите се подготвени, потенцира, и има сосема доволен број кревети и медицинска опрема и сега кога има навистина голем број пациенти, посебно во изминатите неколку денови.

Според него, најголем притисок има во ГОБ „8 Септември“ и Инфективната клиника во Скопје.

Уште еднаш повтори дека консултации се прават секојдневно со сите директори во смисла на тоа доколку треба префрлање пациенти во зависност од тежината и капацитетот на ЈЗУ или болница во внатрешноста на земјата.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Јавно ќе се објавуваат имињата само на лицата кои не сакаат да ги примат решенијата за изолација

Големо жариште на корона вирусот е Скопје и делумно Тетово, другите региони се стабилни

Нови 193 случаи на заразени со корона вирусот, во Скопје дури 140

МИА/фото: Влада

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Судење за „27 април„: Обвинетиот Пешов вели дека МВР немала план за справување доколку толпата влезе во Собранието

Редакција

ДИК: Излезeноста до 18:30 часот 39,71 отсто

Редакција

Полицискиот час не го почитувале 133 лица, 26 од нив приведени

Редакција