еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Филипче за најтешката форма на корона вирусот: Ги напаѓа сите органи, крвта и предизвикува распад на ткивото на белите дробови

Министерот за здравство Венко Филипче во вечерашното гостување на „Топ тема“ на телевизија „Телма“ истакна дека корона вирусот не ги напаѓа само белите дробови, туку во најтешките форми, доаѓа до попуштање на сите органи.

Во таквите случаи како што објасни Филипче, корона вирусот ја напаѓа и функцијата на крвта, односно капацитетот на коагулација, има целосно збришана структура на црн дроб, целосно пореметена структура на белите дробови, односно распад на ткивото.

Според него, таква состојба на организмот, до сега инфектолозите не виделе.

Тој додаде дека во најтешките форми не помагаат ниту респираторна машина и според истражувањата, 96 проценти од пациентите кои се на респираторни машини не завршуваат успешно.

Според Филипче, ова е страшната слика на болеста, но добрата е што огромен број пациенти се со лесна клиничка слика.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Филипче: Не сум се тестирал од корона вирусот и вообичаено не пијам витамини

Вкупно заболени од корона вирусот 599: Нови 29 случаи, најмногу во Скопје и Куманово

На Клиниката за инфективни болести починале четворица пациенти, и еден дома во Куманово

Фото: Влада

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Родителите можат да поднесат електронско барање за упис на новороденче

Редакција

„Македонија пат“ ќе ја урива дивоградбата пред „Мавровка“

Редакција

Бројот на активни случаи на Ковид-19 надмина 10 илјади, 64% се во Скопје, Тетово и Гостивар

Редакција