еМагазин
Image default
Локално

(Фото) Филмски сцени кај Рача: Стружанец и бегал на полицијата со 50 килограми марихуана во автомобилот

Во координирана акција на Oддeлението за организиран криминал при МВР и СВР Охрид, на 18.7.2019 во 23:20 часот на регионалниот пат Охрид-Св.Наум, во близина на населбата Рача, сопрен е патнички автомобил, управуван од С.Л.(53 ) од Струга, информира МВР.

Притоа, во багажниот простор, пронајдени се три патни торби со околу 50 килограми марихуана. С.Л. се обидел со автомобилот да избега, но бил приведен од полициските службеници. Во врска со овој случај, приведен е и С.И.(31) од Струга, кој управувал друг патнички автомобил. По целосно документирање на случајот, СВР Охрид, против нив ќе поднесе соодветна кривична пријава.

Фото: МВР

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МВР: Приведени четворица полски навивачи по вчерашниот инцидент

Редакција

Мотоциклист удрил во велосипедист и побегнал

Редакција

(Галерија) Градски парк преполн, граѓаните уживаа во кино на отворено

Редакција