еМагазин
Image default
Балкан

Финале на Договорот од Преспа во Грција, Атина под засилени безбедносни мерки поради новиот протест

Со задоцнување од 15 минути почна вториот и последен ден од расправата на пленарната седница во грчкиот Парламент за ратификација на Договорот од Преспа, што ќе кулминира доцна вечерва со гласање на пратениците, јави дописничката на МИА од Атина.

За расправа се пријавени 206 пратеници, а во текот на вчерашниот ден збор зедоа 58.

За целиот процес на изјаснување и дебата да оди побрзо потпретседателот на парламентот времето за обраќање од седум го скрати на шест минути.

Освен пратениците, говор ќе одржат и министрите од Владата, а откако ќе се исцрпи целиот каталог, пред самото гласање збор ќе земат и лидерите на политичките партии.

Последни ќе се обратат претседателот на опозициската Нова демократија, Кирјакос Мицотакис и грчкиот премиер Алексис Ципрас и се очекува двајцата да ги повторат и потенцираат нивните аргументи „против“ односно „за“ Договорот од Преспа.

По говорот на Ципрас, ќе следи и јавното гласање со прозивање на секој од 300-те пратеници.

Паралелно со расправата, за попладневните часови во центарот на Атина, закажани се и протести против Договорот од Преспа.

Засилени безбедносни мерки во Атина

Закажаните демонстрации за попладневните часови, во комбинација со сериозните инциденти на протестот во неделата, носат засилени безбедносни мерки во грчката престолнина, особено во делот околу плоштадот Синтагма и грчкиот Парламент, јави дописничката на МИА од Атина.

Безбедносните мерки се и поради тоа што за разлика од неделата кога парламентот беше празен, сега во него, во тек е расправата.

Според грчките медиуми, кордони од полициски автобуси ќе бидат поставени на неколку места околу парламентот, со акцент врз делот каде се наоѓа влезот, а кај споменикот на Незнајниот јунак, онаму каде што во неделата демонстрантите се обидоа да упаднат во дворот на парламентот, ќе биде зголемено присуството на специјални полициски единици.

Метро станицата на плоштадот Синтагма, ќе биде затворена од 16.30 часот по локално време.

МИА/Фото: РТ

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(ВИДЕО) Во спот на Независни Грци Заев се претвора во Александар Велики

(ВИДЕО) Заради Договорот од Преспа со молотови коктели нападнат домот на пратеничка од СИРИЗА

(Фото) Комунистичката партија на Грција закачи пано на Акропол против Договорот од Преспа  

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Продолжува „хаосот“ на граничниот премин Евзони

Редакција

Ново потресно сведоштво на девојка за злоставувањата од Алексиќ: „Повраќав после секое силување, траеше седум месеци“

Редакција

(Видео+фото) Во Приштина убиен македонски државјанин, косовските медиуми тврдат дека е Блерим Дачи

Редакција