еМагазин
Image default
ФИНАНСИСКА ПИСМЕНОСТ

Финансиско планирање: Пресметајте што поседувате, што должите и колку ви останува

Во финансиското планирање, треба да процените каде сте сега во финансиска смисла, односно што поседувате и што должите, колку пари имате и по извршувањето на различните исплати, колку пари
ќе ви останат.

Кога го правите ова, од корист може да ви бидат два типа финансиски извештаи:

„ Личен биланс на состојбата
„ Личен извештај за готовинските текови

Овие извештаи ќе ви помогнат:

• Да обезбедите податоци за вашата тековна финансиска состојба и за вкупните приходи и расходи;
• Да го следите исполнувањето на вашите краткорочни, среднорочни и долгорочни финансиски цели;
• Да водите евиденција за вашите финансиски активности, како што се инвестициите и другите трошоци;
• Да чувате податоци што можете да ги користите при подготовка на даночни формулари или аплицирање за банкарски заем или заем од небанкарска финансиска институција (пр. штедилница).

Вашиот личен биланс на состојба го прикажува она што го поседувате и што го должите:

„ Поседувате (средства) – пари, заштеди, недвижен имот, инвестициски фондови, акции во компании и друго;
„ Должите (обврски) ‒ заеми од банки, штедилници, семејство или од пријатели, долг на платежни картички, кирија за куќа, стан, сметки за режиски трошоци (електрична енергија, вода, телефон, парно, домување) и друго

Личниот биланс на состојба е како финансиска картичка преку која редовно можете да ја следите вашата финансиска состојба, што може да биде основа при донесувањето одлуки поврзани
со парите.

Личен биланс на состојбата

Подолу е даден еден личен биланс на состојбата, што можете да го користите како пример. Овој личен биланс на состојбата има позитивна нето-вредност, бидејќи вредноста на вкупните средства
е поголема од вредноста на вкупните обврски.

Нето-состојба

Вашата нето-состојба претставува разлика помеѓу вашите вкупни средства и обврски. Позитивна нето-состојба е кога поседувате повеќе од она што го должите. Добро е вашата нето-состојба да
биде позитивна.

Ако, пак, сега имате позитивна нето-состојба, не значи дека никогаш нема да се соочите со финансиски потешкотии. Кога средствата не се ликвидни (не можете лесно да ги претворите во готовина), може да се појават потенцијални проблеми.

Како е можно со позитивна нето-состојба да влезете во финансиски проблеми?

Да речеме дека поседувате куќа како ваше средство (каде што живеете) и немате готовина во вашиот паричник или парични средства на сметка, а веќе доцните со плаќањето на долговите (кредити, сметки и друго). Доколку сте невработени и немате можност да заработите пари на друг начин, во безизлезна ситуација сте, ќе одлучите да ја продадете вашата куќа за да ги покриете долговите.

Тука се појавува дополнителен проблем. Не можете веднаш да ја продадете куќата за да добиете пари, бидејќи куќата, како неликвидно средство, не може лесно да се продаде и наоѓањето купувач може да потрае неколку месеци.Куќата е, исто така, место каде што вие и вашето семејство живеете и не можете туку така
брзо да се преселите.

Да се биде финансиски здрав значи да имате избалансирано портфолио на средства, така што ќе имате пари во секое време за разни потреби!

Кога должите повеќе отколку што поседувате, имате негативна нетосостојба. Во овој случај, не сте во можност да ги плаќате вашите долгови кога тие достасуваат, бидејќи немате доволно пари или
ликвидни средства. Вие всушност се наоѓате во големи финансиски проблеми (види дел 8).

Вашата нето-состојба дава слика за вашата финансиска позиција на одреден датум. Не сметајте ги вашите неликвидни средства како средства за плаќање, бидејќи тие не можат лесно и брзо да се претворат во готовин

Постојат неколку начини за да ја зголемите вашата нето-состојба, како на пример:
„ Зголемување на заштедата
„ Намалување на трошоците
„ Намалување на долговите
„ Продавање некои средства коишто не носат приход.

Извор: НБРМ

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ:

Како да ги поставите вашите финансиски цели?

Зошто е потребно да ги планирате финансиите и како да го правите тоа

Колку е важно да се започне со штедење пари веднаш?

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Што треба да знаете за колатералот при барање кредит од банка?

Редакција

Граѓаните ќе можат да видат која банка колку наплаќа за услугите

Редакција

Економија за секого: Зошто имаме режим на стабилен девизен курс на денарот во однос на еврото?

Редакција