еМагазин
Image default
Интервју

Fish in Oil со ексклузивен концерт во Public Room: Македонската публика не сака

Белградски бенд Fish In Oil на 28 февруари (четврток) ќе настапи во Public Room. Македонската публика ќе има можност, после шест години, да ужива во нивната музика која не може да се сврсти во еден жанр, бидејќи е микс на џез, рок и експериментални звуци со влијание на филмска музика.

Во ексклузивно интервју за еМагазин, на прашањата одговараше саксофоностот на бендот Душан Петровиќ.

Во Fish in Oil членуваат и Вељко Николиќ, (перкусии) Том Феџа Франклин (тапани), Бранислав Радојковиќ (контрабас, бас-гитара), Братислав Радовановиќ, гитара.

Постоите 25 години, настапувате во Србија и надвор од неа, дали прв пат доаѓате кај нас?

– Не, ова нема да биде прв наш настап, туку во 2013 година свиревме во Скопје, Битола и Прилеп и одлично си поминавме. Добивме извонредни реакции како од публиката така и од критиката. За жал Македонија ја дели судбината на голем број на земји во опкружувањето и тешко е, што од материјални или други причини, да се организираат џез-настапи надвор од рамките на веќе уходани фестивали или други локални манифестации. Ние контактиравме познаници и соработници во Битола и Прилеп да се обидеме, кога веќе сме во Скопје да отсвириме уште некој концерт, но овој пат не успеавме. Така што кој сака да ги слушне „Фиш ин оил“ (Fish in Oil) мора на 28 февруари да дојде во Скопје во Public Room.

Што публиката може да очекува, дали ќе го промовирате вашиот нов албум „Три кључа“?

– Секогаш сме непредвидливи кога репертоарот е во прашање, кај нас тоа е прашање на момент на инспирација потоа простор, публика, звук. Секако дека ќе има песни од „Три кључа“, потоа од најновиот албум „Се ќе биде во најдобар ред“. Песни од репертоарот кој го подготвивме специјално за настапот со Марк Рибот за отворање на Белградскиот џез фестивал 2018, кои ги повторивме на Бугарското национално радио (Аларм Панк фестивал) и кои допрва ќе ги снимиме. Потоа тука се нови композиции кои постојано ги правиме на редовните проби и ги проверуваме како звучат во живо.

Малку групи кои го промовираат вашиот жанр на музика, кој е уникатен опстојуваат 25 години. Во што е тајната?

– Клучот е во љубопитноста и нестрашливоста постојано да пробуваат нови, непознати но примамливи работи. Исто така е важно дека сме инспиративни еден на друг, не само што сме пријатели, туку и фанови еден на друг кога станува збор за индивидуалниот израз. Исто така го почитуваме организмот на бендот и ткивото на музиката толку многу, што никој никогаш не се обидува да излезе надвор од кругот кој го создаваме заедно и да се наметне на кој било начин.

Многу работи се сменија на музичката сцена и кај нас и во Србија, постои ли место за квалитетот?

– Местото за квалитет е во луѓето… Ван Гог, Сутин, Модиљани, Ерик Сати, Анри Готје Бжешка… листата на големи уметници кои се непризнати за нивните тешки, често кратки животи полни со искушенија, е огромна. Сите тие знаеле да произведат квалитет и наспроти се, истрајувале во тоа, за жал по цена на сопствената егзистенција. Ние сме пресреќни што во вакви времиња и околности сепак допираме до луѓето и создаваме услови, макар и елементарни, за унапредување на тоа со што се бавиме.

Дали за овие години составот претрпе некои промени како во членството, така и во музичкиот правец, и што влијаело на тоа?

– Да, бурните времиња диктираа разидување и повторно средби на овие наши балкански простори. Fish in Oil почна да дејствуваат во Приштина во првата половина на 90-те, па продолжи во Белград во 1999 година кога Братислав Брацо Радовановиќ кој е композитор и основач, се пресели. Од тогаш бендот претрпе неколку персонални промени, а актуелната постава е од 2013 година.

Кои се плановите за во иднина?

– Работиме на новиот албум на кој најверојатно ќе се претставиме со исклучителен гостин од Америка, но затоа-потоа. Идејата е дека ако се тоа се случи како што сме замислиле, и кончено се издаде и издание во странство, што конечно би овозможило да почнеме да работиме со некоја букинг-агенција од странство и да настапиме по Европа и светот.

Фото: Фејсбук-профил на Fish in Oil

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Наставниот кадар во Словенија е достапен и отворен да помогне на студентот

Редакција

Во САД се испитува вакцина со трајна заштита против Ковид-19, открива доктор Пеева, Македонка која работи во Фајзер

Редакција

Марко Видачек, Хрватски форум: Пандемијата не го намали интересот за сезонска работа на македонските граѓани во Хрватска

Редакција