еМагазин
Image default
БАШ НИ Е ЌЕФ

„Фитофарм“е првата фармацевтска компанија која ќе им даде дополнителни 3 месеци скратено работно време на родителите кои се враќаат од породилно

Фармацевтската компанија „Фитофарм“ од денеска со дополнителни бенефиции за своите вработени по завршување на отсуството од работа поради бременост, раѓање и родителство.

Сите вработени кои користеле отсуство поради бременост, раѓање и родителство, по завршување на редовните 9 месеци (или 15 месеци за две или повеќе деца одеднаш), следните 3 месеци ќе може да работат со скратено работно време.

„Со задоволство се приклучуваме на иницијативата за воведување на скратено работно време во траење од 3 месеци за вработените кои користеле отсуство од работа поради бременост, раѓање и родителство. Веруваме дека грижата и негувањето на односите со нашите вработени овозможуваат успешна тимска работа и резултати. Родителството како приоритет во животот на многу млади луѓе претставува среќен, но деликатен процес особено после враќањето на своите работни обврски. Ние ги поддржуваме и охрабруваме младите мајки да имаат што поорганизирано квалитетно време поминато со своите најмили”, изјавија сопствениците на компанијата.

Оваа реформа е од голема важност за компанијата, бидејќи од вкупно 68 вработени 75 отсто се жени.

„Фитофарм“ е компанија која оваа годинa бележи јубилејни 30 години постоење и негување на меѓусебни односи со вработените.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Витаминка, Макпрогрес и Европа ќе им дадат дополнителни 3 месеци скратено работно време на родителите кои се враќаат од породилно: Кој е следен?

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Голема забава со попусти и изненадувања за отворањето на новото Веро и Џамбо во Тетово

Редакција

(Видео) Новата реклама на „Самсунг“ со музика од македонската издавачка куќа и компанија за лиценцирање на музика „Филтер Лабел“

Редакција

(Фото) Ги запознавме добитниците на рекордната 7-ка на „Лото“: Семејството Јанковски од Битола застана под среќна ѕвезда

Редакција