еМагазин
Image default
Спорт

ФК Академија Пандев ја зголеми добивката

ФК Академија Пандев во текот на минатата година оствари добивка од 1,4 милиони денари, што е неколкукратно зголемување во однос на претходната година кога добивката изнесувала 48.000 денари, покажува билансот на успех објавен преку Македонската берза.

ФК Академија Пандев е акционерско друштво формирано на 09.06.2017 година со акционерски капитал во износ од 1.542.000 денари вложен од единствениот акционер Горан Пандев.

„Во текот на 2019 година остварени се вкупни приходи во износ од 31.722.000 денари. Најголем дел од приходите клубот ги оствари од ФФМ – УЕФА во износ од 24.354.000 денари и од главниот спонзор и сопственик на клубот во износ од 6.699.000 ден.

Сите приходи се потрошени во функцијата на дејноста и истите изнесуваа 30.149.000 денари и остварена е бруто добивка во износ од 1.573.000 денари.

Благодарение на несебичната подршка главниот донатор (познат фудбалски евроски ас Горан Пандев) Клубот нема проблеми со генерирање на парични текови од оперативни активности и нето парични текови потребни да се обезбеди функционирање по принципот на континуитет“, се вели меѓудругото во извештајот.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

„Пандев ја испрати Северна Македонија првпат на Европско првенство“: Грчките медиуми за големиот успех

Редакција

Каратистите на „Макпетрол“ најуспешни на државниот плејоф-турнир за сениори

Редакција

Каратистите на Макпетрол со вкупно 16 освоени медали

Редакција