еМагазин
Image default
БЕНЧМАРК

Фон дер Лајен од Тирана даде подршка за отпочнување на преговорите со Албанија и Македонија, Рама порача дека “свадбите се во рацете на сватовите“

Претседателката на Европската Комисија, Урсула фон дер Лајен денеска во Тирана, на заедничката прес-конференција со нејзиниот домаќин, албанскот премиер Еди Рама рече дека дава целосна поддршка за отпочнување на преговорите на Албанија и Северна Македонија со ЕУ.

-Давам целосна поддршка за преговорите со Албанија и Северна Македонија што е можно поскоро. Ние разговаравме за тоа во минатото, работиме на тоа. Двете земји ги исполнија сите свои задачи и сега ние сме тие што треба да го реализираме својот дел.

Јас сум одлучна Албанија и Северна Македонија да ги отворат преговорите што е можно поскоро. Многу очекувам меѓувладината седница да биде до крајот на годинава, рече таа.

Рама, во неговот познат стил  рече дека „веќе нема да се подготвуваат за свадба, зашто тоа сега е во рацете на сватовите“.

-Многупати до сега бевме подготени за свадба, но сватовите не дојдоа, сега не се подготвуваме за свадби, туку за изјави на љубов, бидејќи свадбите се во рацете на сватовите. Ние сега ја правиме нашата работа не дека бараат Брисел, Париз или обединета Европа.

Продолжуваме да го користиме знаењето и искуството на ЕУ за да се модернизираат нашите институции за нашите деца.

Потоа, дали конференциите и поглавјата ќе бидат отворени или не, ова е прашање на ЕУ, не на Комисијата, туку на член на европското семејство, кој со инает се однесува кон друг, а друг држи како заложник.

Имаме толку многу други работи што треба да ги направиме што не треба да го губиме фокусот, трпението или смиреноста, туку треба да одиме напред, рече Рама.

Фон дер Лајен зборуваше и за помошта што ЕУ ја дава за земјите од Западен Балкан, пред се, во справувањето со пандемијата и за зајакнувањето на економјата, а се задржа и на Берлинскиот процес, оценувајќи дека „колку е побрз Берлинскиот процес, толку побрза е интеграцијата во ЕУ“.

Фон дер Лејен во рамки на престојот во Албанија најпрво се сретна со премиерот Еди Рама, потоа со шефот на државата Илир Мета, а присуствуваше и на пуштањето во функција на реконструрани училишта и градинка кај Круја, погодени од катастрофалниот земјотрес, обновени со европски пари.

По средбата со Фон дер Лајен своја објава на Фејсбук имаше претседателот Илир Мета.

-Задоволство беше да се сретнам денес со претседателот на ЕК, Урсула фон дер Лајен. Имаме доверба во Европската унија и поддршка од Комисијата за унапредување на односите меѓу нас.

За таа цел, интензивирањето на билатералните напори за решавање на внатрешните и надворешните предизвици е клучно за заедничкиот успех, напиша Мета на Фејсбук.

МИА/Фото: Мета/Фејсбук

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Европската комисија покренува инвестициски пакет во вредност од 2,1 милијарди евра за Западен Балкан

Редакција

Се надеваме на почеток на преговорите во декември, изјави австрискиот министер за европски и меѓународни работи Михаел Линхарт

Редакција

Какви документи и да се појават, ЕУ е против промена на граници велат од Европска комисија

Редакција