еМагазин
Image default
Техно

Форд со teaser од новото електрично возило

Автомобилската компанија Ford го откри својот прв „teaser“ за најново возило инспирирано од Mustang – прв модел од групата Ford Edison, специјално направен за развој на електрични возила во светот.

Тимот Едисон, посветен и многуфункционален тим со седиште во Детроит и под раководство на Дарен Палмер, глобален директор за развој на нови производи, доби дозвола за работа на сосема поинаков и иновативен начин за развој на електрични возила за забрзување на пазарот со ескпоненцијален раст.

„Клиентите на електрични возила купуваат во иднината. Нашиот тим е стопроцентно фокусиран на испорачување возила кои ги сакаат и на обезбедување целосен екосистем за електричните возила, кој ќе работи беспрекорно, вели Палмер.

Тимот Едисон го прифати „менталитетот без линии“ за да поттикне различни идеи за работната ефикасност и подготвеноста за брзо пронаоѓање решенија за заедничките проблеми и уникатните предизвици за секој поединечен пазар. Исто така, овој тим има нов пристап кон развојот на нови прототипни производи, кои иако се со ниска прецизност, сепак може да се развиваат брзо – дури и од материјали како што е картонот, со што овозможуваат поголема флексибилност за учење, повторувување и испорачување интуитивни и иновативни дизајни.

Целосно новиот Mustang – инспириран електричен компресор, ќе пристигне во 2020 година со насочен опсег од 300 милји. Ford вложува 11 милијарди долари и ќе испорача 16 целосно електрични возила во рамки на глобалното портфолио од 40 електрифицирани возила до 2022 година.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Рекордна пред-продажба на Galaxy Note10 смартфоните во Европа која го надмина бројот на продадени Note9 уреди

Редакција

(Видео) Кинеската сонда „Тјанвен-1“ ја испрати првата фотографија од Марс

Редакција

Секој паметен телефон може да биде прислушуван без да се инсталира специјален софтвер

Редакција