еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Формирана шпанската Влада, се отвора патот за ратификација на протоколот за влез на Македонија во НАТО

Парламентот на Шпанија вчера му даде поддршка на лидерот на социјалистите Педро Санчез за формирање на коалициска влада, со што се става крај на речиси едногодишната политичка криза во четвртата по големина економија во еврозоната.

Формирањето на шпанската Влада ќе го отвори патот за ратификација на протоколот за членство во НАТО со што нашата држава ќе стане 30-та членка на Алијансата.

Лидерот на социјалистичката партија на Шпанија, Педро Санчездоби поддршка со 167 гласа во 350-члениот шпански Парламент за формирање на коалициска Влада со левичарската партија Подемос.

Во неделата, во првиот круг гласање, коалицијата на Санчез не доби поддршка од повеќе од 176 пратеници, па вчера во вториот круг на гласање, беа доволни повеќе гласа „за“ од „против“.

Социјалистите на Санчез победија на изборите во април минатата година, но тој не доби доволно гласа за самостојно формирање влада.

Откако не доби поддршка од останатите партии во ноември се одржаа нови, вонредни избори, на кои беа постигнати слични резултати, по што социјалистите на Санчез формираа коалиција со помалата левичарска партија Подемос со кои заедно имаат вкупно 155 пратеници.

За десет месеци Протоколот за пристапување во НАТО го ратификуваа 28 од вкупно 29 членки, а приемот на Северна Македонија како 30.членка на НАТО е извесно, влезот е само формалност, бидејќи одлуката и согласноста од 29 земји-членки е веќе дадена.

Од наша страна, пак Предлог-законот за ратификација веќе е во собраниска процедура. Владата кон крајот на минатиот месец се одлучи за предвремена ратификација кај нас, со цел да не се загуби континуитетот во процесот на официјализирање на нашето членство со оглед на тоа што земјава оди на предвремени избори на 12 април, а Парламентот се распушта на 11 февруари.

МИА/Фото: Влада

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Новиот Супермен е бисексуалец, синот на Кларк Кент ќе се заљуби во новинар

Редакција

Државата ќе плаќа отштета за смртта на двајца Роми во македонските затвори

Редакција

(Фото) Реосмислување на модата: 28. сезона на Модниот викенд Скопје поставува нова парадигма за одржлив шик 

Редакција