еМагазин
Image default
Македонија

(Фото) Џафери со Анѓушев и Мукоски на аудиенција кај папата Франциск во Ватикан

Државно-црковната делегација, која во Рим учествува на манифестацијата во чест на свети Кирил, денеска имаше аудиенција кај поглаварот на Римокатоличката црква, папата Франциск.

Државната делегација ја предводи претседателот на Собранието, Талат Џафери, а црковната архиепископот охридски и македонски г.г. Стефан.

– Мирот, толеранцијата и соработката меѓу државите и народите се најдобриот пат за иднината. За соработките во регионот разговаравме и со државниот секретар на Ватикан кој потврди дека Светата столица секогаш не’ поддржувала и ќе продолжи да не поддржува во евроинтегративните процеси на нашата држава.

На овој начин се создаваат услови и ние да придонесеме во евроинтегративните процеси и соживотот на народите во светот, изјави Џафери по аудиенцијата кај папата Франциск.

Пред членовите на македонската државна и црковна делегација, папата Франциск јавно се заблагодари за неодамнешниот прием и гостопримство што го почувствувал во Скопје.

– Ме трогна наклонетоста, љубезноста на народот и посебно младите луѓе кои иако доаѓаат од различни религии веруваат во заедништво. Сакам да нагласам дека вашиот народ е порта за влез на христијанството во Европа. Бидете посланици на мирот, порача папата Франциск на аудиенцијата за македонската делегација во Ватикан.

Вицепремиерот за економски прашања Кочо Анѓушев, кој е дел од државната делегација, рече дека за само еден месец имале втора директна средба со папата Франциск, што според него, симболично ја покажува посветеноста на Ватикан за нашите процеси.

– Ја искористивме можноста да се заблагодариме за тоа што папата Франциск го направи за нашата држава. Со неговата посета даде визибилност на нашата мала држава и поддршка на процесите што кај нас се случуваат. Подготвени се да ги помагаат нашите евроинтеграции и јас тоа посебно го почитувам, рече Анѓушев по приемот во Светата столица.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Фото) Скулптура на светите браќа Кирил и Методиј од Серафимовски за папата Франциск

„Муковски пред портите на Ватикан, време е за Кодот на Дичо Молерот“: Твитер за делегацијата која ќе патува во Рим во чест на св. Кирил

Друштво ќе му прави и Мукоски: Џафери ќе ја предводи државната делегација во Рим во чест на св. Кирил

МИА/Фото: Фејсбук/Џафери

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Брза помош во Кривичен каде се одлучува за притворот на Јанева

Редакција

Вицепремиерот Османи заработи казна за зборување на мобилен додека вози

Редакција

Претседателот Стево Пендаровски вработува три посебни советници, плата до 50.000 денари

Никола Осило