еМагазин
Image default
Локално

(Фото) Акција во Битола „Ова не е паркинг“

Битолчани организираа акција „Ова не е паркинг“ која е посветена на узурпацијата на јавните површини во Битола.

„Граѓаните секојдневно се соочуваат со проблеми кои го ограничуваат нивното движење и ја загрозуваат нивната безбедност. Иако Битола не е голем град паркирањето на јавните површини и тротоари зема се поголем замав и на одредени локации низ Битола. Практично е невозможно безбедно движење на пешаците.

Во изминатите неколку години поради трендот на узурпацијата на тротоарите предизвикани се повеќе несреќи, а постарите граѓани, инвалидизираните лица, велосипедистите и децата се почесто се обесхрабрени да се движат на одредени локации низ Битола.

Целта на оваа акција е да се изврши притисок врз надлежните односно општина Битола, МВР сериозно да се зафатат со решавањето на овој проблем и да ги вратат колите на улиците и пешаците на тротоарите“, информираат организаторите.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

До 8 јули од 8 до 18 часот затворен за сообраќај патот Велес – Градско поради асфалтирање

Редакција

Од струен удар животот го загуби 22-годишно момче од тетовско Боговиње

Редакција

МВР „растури“ забава во викендица на Тиквешкото езеро

Редакција